7 предмети за домаќинство што имаат еколошкa замена
Понекогаш, кога купувате некои производи, се прашувате дали нивното пакување може да се рециклира, дали производот може да се користи повторно и што е најважно, дали има замена изработена од природни материјали. Ова е важно затоа што многу работи што сте навикнати да ги користите во секојдневниот живот може да се заменат со производи што имаат слични својства, а понекогаш се и покорисни.
1. Чепкалки за уши за повеќекратна употреба наместо за еднократна употреба
Овие чепкалки за чистење на ушите изгледаат исто како оние за еднократна употреба на кои сте навикнати, но една чепкалка може да се користи околу илјада пати. Врвовите на чепкалките за повеќекратна употреба се изработени од медицински силикон. По употребата, сè што треба да направите е да ги измиете со вода и сапун, а потоа може да ги користите повторно. Силиконските чепкалки не може да ја отстранат водата од увото како памучните чепкалки, но вршат одлична работа кога станува збор за чистењето на ушите.
2. Метални сламки за пијалаци наместо сламки за еднократна употреба
Луѓето се навикнати да користат сламки за пијалаци насекаде – и во кафулињата и дома бидејќи се практични и евтини. Но, тие се штетни за животната средина. Сламките од не’рѓосувачки челик може да бидат алтернатива. Тие ќе траат со години и придонесуваат да се намали отпадот од пластика.
3. Забен конец од бамбус наместо конец од вештачки влакна
За разлика од забниот конец од најлон или тефлон, конецот од бамбус почнува да се разградува по 60 до 90 дена. Доволно е само да направите мала дупка во земјата и да го ставите искористениот конец таму. Исто така, бамбусот расте многу брзо и не се потребни многу вода и енергија за да се одгледува и да се направи забен конец од него, отколку што е потребно за производство на истиот конец што е направен од пластика.
4. Кристален дезодоранс наместо обичен дезодоранс
Ова е одлична опција за оние кои бараат еколошка замена за обичниот антиперспирант. Кристалните дезодоранси не ја покриваат кожата со тенок слој и не ги затнуваат потните жлезди бидејќи не треба целосно да го елиминираат производството на пот затоа што тоа е природен процес. Овие производи имаат антимикробно својство и ги убиваат бактериите што предизвикуваат непријатен мирис. Тоа значи дека ќе се потите, но нема да се грижите за мирисот.
5. Метални стапчиња за јадење наместо дрвени
Азиската кујна навлегува во нашиот живот и многу луѓе имаат дрвени стапчиња за јадење. Но, секоја година, само во Кина се сечат 3,8 милиони дрвја за да се направат стапчиња за јадење. А, металните стапчиња ќе ви служат многу години без да бараат замена.
6. Природен сапун и шампон во хартиена амбалажа
За да не купувате производи за убавина во пластично пакување, можете да преминете на употреба на цврст сапун и шампон. Разновидноста на опциите драматично се зголеми во последниве години и сега лесно можете да најдете цврст шампон што ќе ви одговара и со неговите состојки и со неговата цена.
7. Ореви за сапуница наместо прашок за перење
Оревите за сапуница се плодови од дрвото Sapindus mukorossi и содржат сапонини (супстанции што формираат пена). Тоа е сосема природна и еколошка замена за прашокот за перење. Тие се хипоалергени (во суштина, тие не се ореви и се погодни дури и за луѓе со алергија на ореви). Една орев може да се користи до 6 пати. Тие немаат мирис и функционираат на која било температура, и во топла и во ладна вода.
Прочитајте колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството.