7 правила за животот
Лесно е да се пишуваат правила за животот, но некако тешко е да се живее според нив. Сепак, убаво е да најдеме инспирација во она што произлегува од нас во моментите на мудроста.
1. Помири се со минатото за да не ти ја расипе иднината.
2. Што мислат другите не е твоја работа.
3. Времето лечи речиси сè. Дај си време.
4. Не го споредувај својот живот со животот на другите и не ги осудувај. Не знаеш каков е нивниот животен пат.
5. Престани да размислуваш толку многу. Во ред е да не ги знаеш сите одговори на светот. Тие ќе дојдат тогаш кога најмалку ќе ги очекуваш.
6. Никој не е одговорен за твојата среќа освен ти самиот.
7. Насмевни се. Не ги поседуваш сите проблеми на светов!