7 правила за совршени фотографии во бикини

7 правила за совршени фотографии во бикини

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од летните одмори, каде што можат да се забележат многу девојки во бикини. Па, доколку сакате и вие да направите одлична летна фотографија од себе на која ќе изгледате прекрасно, тогаш погледнете ги следниве неколку правила кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел и да соберете голем број лајкови.

7 правила за совршени фотографии во бикини

1. Истакнете ги деловите за кои имате најголема самодоверба, дури и да станува збор за грбот. Во тој случај, погледнете кон камерата преку вашето рамо.

2. Ако стоите, спојте ги нозете, ставете го едното колено преку другото, колкот поставете го настрана (да добиете поистакнати облини), а рацете ставете ги на струк или држете ги во воздух. Доколку сакате лежечка фотографија, искористете ја гравитацијата во ваша корист. На пример, легнете на стомак, поставете ги нозете една врз друга така што коленото од горната нога ќе го спуштите на земја. На овој начин повторно добивате женствен облик на телото. Без разлика на позата, секогаш исфрлувајте го малку колкот настрана или кон назад. Имајте на ум дека фотографијата има две димензии, висина и ширина, па токму затоа не ги насочувајте рацете и нозете кон фотоапаратот бидејќи на тој начин визуелно се кратат.

3. Ако правите селфи, најдобро ќе изгледате доколку се фотографите од повисок агол и странично, односно во полупрофил.

4. Ако стоите исправено, побарајте од личноста која ве фотографира да се спушти малку пониско со цел да се добие илузија дека вашето тело е поиздолжено.

5. Доколку се фотографите до средината на бедрата или пак, до струкот, избегнувајте работ на фотографијата да ги надминува вашите зглобови.

6. Доколку имате можност да го наместите светлото, поставете го така што ќе дојде од страна или под агол од 45 степени. Ако станува збор за природно сонце, внимавајте да не сјае пресилно врз вас. Најоптимално би било доколку постојат умерени сенки по телото, а не целосна изложеност на светлината.

7. Поминете ја зимата и пролетта во теретана. Редовното вежбање е клучот за најдобрите фотографии во бикини. Внимавајте вашето тело да е здраво во текот на целата година и ќе можете многу посамоуверено да се фотографирате во бикини на плажа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар