7 правила за штедење кои секоја жена треба да ги следи
Многумина од нас попрво би се одлучиле да потрошат одредена сума пари, наместо да ја заштедат. Ова особено се случува откако ќе завршите некоја задача добро и за тоа ќе добиете соодветен паричен надоместок, па сметате дека треба да си подарите нешто, затоа што навистина заслужувате. Исто така, се случува и честото импулсивно трошење пари, односно нервозата и стресот кои ги лечиме со купување нешто ново.
Колку и да ни е привлечна идејата за трошење на парите кои ги заработуваме, секогаш е потребно трошоците да бидат што порационални и да воспоставиме построг однос кон финансиите. Внимавајте на трошењето, за да не завршите со блокирани сметки или во минусни суми кои тешко ќе ги надоместите. Затоа, потребно е да се следат овие правила:
Правило 1
Секој би сакал да живее во одлично опремен стан, со убав и модерен мебел и на атрактивна локација во градот. Но, ова подразбира и поголеми трошоци за одржување, за сметки или пак повисока кирија. Идеален износ за кирија би бил една четвртина од вашите месечни примања, помал дел за комуналните трошоци и остатокот за вас. Следејќи ја оваа формула ќе избегнете непотребни трошоци надвор од вашите можности.
Правило 2
Обрнете внимание на исхраната. Можно е да се храните здраво и квалитетно без да трошите големи суми пари, а притоа да намалите со порачување готова храна или хранење во ресторани. Едноставните решенија често се и најздрави и најекономични. Научете да подготвувате оброци дома, од избрани квалитетни состојки. На овој начин и штедите и се грижите за себе.
Правило 3
Наместо да одите на работа со автомобил, користете јавен превоз. Трошокот би бил уште помал доколку е возможно да стигнете со велосипед. Исто така, доколку сте за кратка релација, најдобро е да ја испешачите. Ако веќе морате да користите автомобил, договорете се да го делите трошокот со колеги или пријатели кои се движат во иста насока.
Правило 4
Бидете дисциплинирани кога е во прашање шопингот. Вистина е дека некогаш би се откажале од оброк за да можеме да купиме нов кармин, но размислете дали веќе имате доволно шминка и облека. За поголема заштеда, можете да користите и картички и купони за попуст.
Правило 5
За да можете да заштедите, обидете се да одвоите 10% од месечните примања и тргнете ги настрана или чувајте ги на штедна сметка. На овој начин секогаш ќе располагате со одредена сума пари за оние „црни денови“ кога се појавуваат непланирани трошоци. Исто, доколку планирате да си купите нешто поголемо и поскапо, ваквото штедење е добар начин побрзо да ги соберете парите кои ви се потребни.
Правило 6
Трошете одговорно и во домот. Обичните светилки заменете ги со штедливи, загревајте го бојлерот на евтина струја и трошете ја водата рационално. Веднаш ќе забележите разлика во износите на режиските трошоци.
Правило 7
Добро е да си купите нешто што ве развеселува, но не претерувајте со тоа. Можете да одделите одредена сума и да ја потрошите на нешто што ви прави задоволство, на пример поскапа чоколада или ручек во поексклузивен ресторан. Но, најважно е никогаш да не ја надминете однапред определената сума и не трошете дополнителни пари кои не се наменети за овој вид задоволства.
Следете ги и овие 10 одлични совети од луѓето кои умеат да штедат.