7 прашања преку кои ќе можете подобро да му се посветите на професионалниот развој

7 прашања преку кои ќе можете подобро да му се посветите на професионалниот развој

Самоанализата е дел од клучните елементи кои можат да ви помогнат да се сфатите подобро себеси и да откриете што сакате од вашиот живот. Овие прашања можат да ви помогнат да се развивате понатаму, и лично и професионално, да ги достигнете своите цели и да постигнете поголем успех.

7 прашања преку кои ќе можете подобро да му се посветите на професионалниот развој

1. „Што правев минатата година?“

Ова прашање ви помага да идентификувате каде сте биле минатата година и ви помага да го задржите фокусот на вашите цели оваа година. Ова ви овозможува да забележите што тргнало наопаку и што било правилно. Така, ви дава идеја што треба да направите за да ги избегнете грешките што сте ги правеле досега, а во исто време ви овозможува да се фокусирате и да ги правите работите што се исправни оваа година.

2. „Кој сакам да бидам?“

Да, вистинското прашање што треба да си го поставите е кој сакате да бидете, а не што сакате да бидете. Повеќето луѓе грешат кога се прашуваат што сакаат во животот. Добро е да знаете што сакате да постигнете, но ако не се трансформирате себеси во онаква личност каква што сакате да постанете, никогаш нема да ги добиете посакуваните резултати.

3. „Дали уживам во начинот на кој го поминувам времето сега?“

Дали ви се допаѓа како го поминувате денот? Ако вашиот одговор е да на горенаведеното прашање, тоа значи дека она што го правите е нешто што го сакате и сте страстни за тоа. Ако вашиот одговор е не, можеби ќе сакате да го преиспитате она што го правите. Не заборавајте дека нема смисла да работите нешто што не ви се допаѓа. Треба да го трошите вашето време посветувајќи се на работите кои ве прават среќни.

4. „За што размислувам најчесто?“

Одвојте една минута и размислете за ова прашање сега. Дали размислувате за вашата кариера? Дали размислувате да најдете нова работа? Дали размислувате за тоа колку вашата работа ќе биде здодевна? Или размислувате за вашите цели и соништа?
Повеќето луѓе не живеат проактивен живот затоа што не се свесни за своите мисли. Затоа, преземете ја контролата врз вашиот живот така што ќе ја преземете одговорноста за вашите мисли во поголемиот дел од времето.

5. „Кој е мојот најголем страв?“

Дали знаете кој е вашиот најголем страв или пречка што ви го блокира патот? Ако сакате да ја напуштите работата за да започнете онлајн бизнис, но вашата најголема пречка е тоа што немате идеја како да го направите тоа, можете да се консултирате со оние кои веќе го направиле тоа. Читајте и учете од другите луѓе. Клучот е што прво мора да ја идентификувате пречката или стравот што ве спречува. Кога знаете што е тоа што ве кочи, можете да работите на решението. Затоа, бидете свесни за вашите предизвици. Што ве спречува да ги постигнете вашите цели?

6. „Кои се моите 3 главни приоритети во следните 6 месеци?“

Одговорот на ова прашање е важен бидејќи ви помага да ги идентификувате вашите приоритети и она на што треба да работите во следниот период.

7. „Ако продолжам да го правам тоа што го работам, дали ќе можам да ги постигнам своите цели во следните 5 години?“

Треба да бидете искрени кога одговарате на ова прашање. Така, ако знаете дека она што го правите не може да ви ги донесе резултатите што ги сакате, треба да направите промена. Запомнете дека ако не се промените нема да успеете да ги достигнете своите цели и соништа. И еден начин да откриете дали тоа што го правите ќе функционира или не е преку учење од други кои го направиле тоа. Затоа, учете од другите. Проучете ги нивните неуспеси и успеси. Правете го она што функционира и подобрете го она што не функционира. И ако откриете дека тоа што го правите нема да ви го донесе она што го сакате, променете го вашиот план и повторно обидете се.

Откако прочитавте кои прашања можат да ви помогнат при професионалниот развој, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие животни лекции кои секој од нас мора да ги научи.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар