7 подароци кои жените не сакаат да ги пронајдат под новогодишната елка

7 подароци кои жените не сакаат да ги пронајдат под новогодишната елка

Радоста на подарувањето може да ја расипе ситуацијата кога подарокот нема да ѝ се допадне на личноста на која сте ѝ го подариле. Постои можност подарокот да го замените за нешто што подобро би ѝ одговарало, но зошто да не ја избегнете незгодната ситуација и на вашата мајка, сестра, ќерка, пријателка, девојка или сопруга да им подарите совршен подарок од прв обид. За да избегнете несакани реакции, добро е да знаете кои подароци жените не би сакале да ги пронајдат под новогодишната елка.

1-7-podaroci-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-pronajdat-pod-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_

1. Парфем кој не го користи

Можеби новиот мирис ќе ѝ се допадне, а можеби и не. Ако не знаете дали со сигурност го сака мирисот на тој парфем, подобро е да го заобиколите. Полн погодок ќе биде ако ѝ купите шишенце од омилениот парфем, дури и ако веќе има едно полно шишенце дома, особено ако станува збор за поскап парфем.

2. Комплет за нега кој не одговара за нејзината кожа

Некои гелови за туширање и лосиони за тело кај жените можат да предизвикаат иритација на кожата, па при одлуката дали да ѝ купите комплет за нега водете се по истото правило како и кај парфемот – купете го само доколку сте сигурни дека ќе ѝ одговара. И тоа не само составот на производот, туку и неговиот мирис.

2-7-podaroci-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-pronajdat-pod-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_

3. Шминка која никогаш нема да ја користи

Ако вашата пријателка од шминка користи само пудра, маскара и сјај за усни, немојте да ризикувате и да ѝ купите туш за очи мислејќи дека сепак ќе го искористи. Најверојатно тој туш ќе биде оставен во некоја фиока и никогаш нема да биде искористен. Истото се случува и со кармините во нијанса која можеби нема да ѝ се допадне.

4. Накит кој не е по нејзин вкус

Некои жени сакаат бижутерија, а некои не. Некои жени сакаат крупен накит, а други дискретен. Некои жени не сакаат да носат прстени, а други пак, избегнуваат бразлетни. Во секој случај, дури и при купувањето накит бидете внимателни. Пред да купите некое парче накит би било добро да бидете упатени во нејзиниот вкус.

5. Несоодветна долна облека

Мажите сакаат да ја изненадат својата нежна половина со секси долна облека, но дали тој подарок е за жената или за мажот? Секси долната облека од чипка или квалитетна синтетика со панделки и останати украси, поголемиот дел од жените го носат само во посебни прилики, па можеби подобар избор е долна облека која може да ја носи секојдневно, на пример некој убав комплет од фин, удобен памук.

3-7-podaroci-koi-zhenite-ne-sakaat-da-gi-pronajdat-pod-novogodishnata-elka-www.kafepauza.mk_

6. Шолја

Па, каде со сите тие шолји? Започнете од себе – дома сигурно имате шолји кои сте ги добиле од некого, а никогаш не ги користите. И на вашето лице секогаш се појавува кисела насмевка кога некој ќе ви подари уште една. Шолјата е пожелен подарок само за некој кој ги собира.

7. Обични чорапи

Чорапите се секако практичен подарок, но би било подобро да ги заобиколите оние најобичните, бидејќи тогаш и подарокот ќе биде токму таков – обичен. Изберете некои со интересен принт и боја која ќе ви се допаѓа, и секако да бидат изработени од квалитетен материјал.

Доколку купувате подарок за вашата сакана, еве кој би бил идеалниот празничен подарок за секоја фаза од љубовната врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар