7 особини на слободоумниците поради кои им симнуваме капа

7 особини на слободоумниците поради кои им симнуваме капа

Отсекогаш сме им се восхитувале на оние „слободни духови“ кои нѐ воодушевуваат со нивната креативност, иновативност и храброст да го направат она што останатите не можат. Слободоумници се оние кои не се плашат да го изразат своето мислење, а честопати и своето незадоволство. Овие индивидуи не се плашат од осудувањата, етикетите или мислењето на општеството. Затоа им симнуваме капа на ваквите луѓе.

0-7-osobini-na-slobodnite-misliteli-poradi-koi-im-se-voshituvame-kafepauza.mk

1. Природно се креативни

Првата асоцијација за креативност се боемите и уметниците кои изгледаат и се однесуваат поинаку од нас. Но, тоа и не е толку вистинито. Сите, длабоко во себе, криеме доза креативност. Сепак, таа креативност кај некои луѓе е потисната од образованието. Благодарение на него ние сме моделирани во механички суштества кои не размислуваат со своите глави. Школскиот систем е направен за сите да размислуваме исто, спречувајќи го напливот од креативни идеи кои секој од нас има капацитет да ги создаде. Затоа овој тип луѓе одбиваат да го прифатат ваквиот систем и насекаде ја шират нивната креативност.

2. Ги одбегнуваат масите

Кога масата вика и ние чувствуваме дека треба да викаме. А емоциите, сентименталноста и идеите на масата можат да бидат многу заразни. Тогаш станува лесно да се следат и да се преземаат желбите и идеалите на авторитетите и воопшто на оние кои нè опкружуваат. Слободоумниците ги одбегнуваат масите бидејќи им пречи да мислат како една целина. Тие сакаат да размислуваат и да се искажуваат како поединци. Ваквите луѓе ги избегнуваат мислењата на другите, а формираат и искажуваат свои.

1-7-osobini-na-slobodnite-misliteli-poradi-koi-im-se-voshituvame-kafepauza.mk

3. Гледаат од сите перспективи

Слободните умови знаат дека перспективата е моќна работа. Она што нам ни изгледа важно, може веднаш да се распадне или да се промени поради промена на перспективата. Таа има моќ да ги промени работите: од проблемот да направи решение, неволјата да ја претвори во искуство од кое може многу да се научи и она што е неуспех од една перспектива, од друга може да биде насока кон успех. Кога размислувате слободно знаете дека секоја вистина има две страни. Затоа тие ги гледаат работите од поинаков агол и така и размислуваат.

4. Знаат дека знаењето е провизорно

Слободоумниците се сигурни само во едно: знаењето е провизорно. Она што денес го знаеме ќе биде отфрлено или драстично променето поради фактите од иднината. Овие луѓе ги избегнуваат индивидуите или организациите кои тврдат дека знаат нешто, или полошо, оние кои знаат сѐ. Тие се целосно свесни дека сè уште немаме поим за светот, животот и Универзумот, без разлика на напредокот на технологијата.

5. Му пркосат на времето

Слободните умови, особено визионерите и напредните луѓе, му пркосат на времето. Ова значи дека тие препознале дека ние останатите го гледаме светот преку нашата временска рамка. Таа нарација на времето иако се променува со текот на вековите и декадите, сепак нѐ затвора во т.н. временско облаче кое нѐ ограничува да го гледаме светот само во нашата временска рамка. Големите визионери, иноватори и футуристи гледаат многу понапред од таа нарација. Тие му пркосат на времето, гледајќи што носи иднината.

2-7-osobini-na-slobodnite-misliteli-poradi-koi-im-se-voshituvame-kafepauza.mk

6. Ги отфрлаат сите видови притисоци

Слободните умови се оние индивидуи кои смислуваат нови идеи. Тие одбиваат да се потчинат на сите видови притисоци, особено оние кои создаваат едноличност и контрола. Институционалните сили се тука за да го зачуваат нивниот статус кво и стабилноста на општествениот систем како и нивниот идентитет. Затоа тие се противат на новитети и промена. Моќта на слободоумниците се состои во постојаното отфрлање на овие институционални притисоци чии правила и општествени норми сме присилени да ги следиме.

7. Го менуваат гледиштето

Уште една моќна алатка на „слободниот дух“ е гледиштето, поточно можноста за нејзино менување. Овие индивидуи сфаќаат како се „поправа“ перцепцијата и начинот на кој таа е ограничена од нашето консензуално гледање на светот. Сепак, перцепцијата не треба да се „поправа“ туку треба да се менува. Ништо чудно што слободните умови се насочуваат кон древните традиции кои ја проучувале и се занимавале со перцепцијата преку практики или разни духовни медитации.

За да бидете слободоумник мора да се ослободите од општествените, институционалните и културните стеги. Некогаш мора да се ослободите од скептичноста и разумното размислување и да им дозволите на имагинацијата и интуицијата да ве водат. Не се плашете да размислувате „надвор од кутијата“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар