7 особини на луѓето кои поминале низ некаква траума во нивната младост

7 особини на луѓето кои поминале низ некаква траума во нивната младост

Интензитетот на трауматичните инциденти се разликува од личност до личност. Траумите од детството можат да бидат од страв од напуштање, до страв од физичко малтретирање. Многу возрасни личност присилно се соочуваат со траумите кои ги преживеале како деца, и тоа во текот на целиот нивен живот. Иако се обидуваат да ги сокријат мислејќи дека така ќе се заштитат, доколку спаѓате во оваа група важно е да знаете кои се особините предизвикани од вашите трауми со цел полесно да се справите со нив.

7 особини на луѓето кои поминале низ некаква траума во нивната младост

1. Повторувачки панични напади

Оние кои во младоста се соочувале со трауми, често ги чувствуваат последиците и подоцна. Без разлика што им се случило кога била деца, влијанието продолжува и кога се возрасни. Овие луѓе постојано очекуваат да им се случи нешто лошо и целиот свет го гледаат како закана. Поради ова често паничат, дури и кога се свесни дека нема причина за тоа. Паничните напади се појавуваат дури и кога се соочени со малку стрес.

2. Остануваат во зоната на удобност

Секое трауматично искуство од детството има моќ целосно да го промени остатокот од животот. Овие луѓе постојано ќе чувствуваат грижа бидејќи нема да сакаат повторно да се најдат во таа ситуација, ниту пак некоја слична. Стануваат премногу внимателни и не сакаат да ризикуваат, дури и кога знаат дека тоа е неопходно. Остануваат само онаму каде што им е удобно, а понекогаш поради ова воопшто не го користат нивниот целосен потенцијал.

3. Преплавени се со страв

Траумите можат да предизвикаат и стравови кои воопшто не ви се јасни или логични. Тоа може да биде страв од алкохол, возење во автомобил и многу други работи. Важно е да се обидете да го контролирате тој страв пред да му дозволите да го преземе вашиот живот. Имајте на ум дека тој не може да ве повреди.

4. Повлечени се

Кога луѓето ќе поминат низ толку многу, понекогаш им е полесно само да се сокријат од целото сожалување, советување и обвинување од останатиот свет. Доколку го чувствувате ова, излегувајте во друштво само кога морате и сокријте се од љубопитните очи на другите. Во овој случај станува збор за социјална анксиозност, а за тоа можете да побарате професионална помош.

5. Пасивна агресија

Понекогаш е полесно да направите нешто отколку директно да се соочите со вашите проблеми. Многу често овие луѓе се премногу исплашени да се соочат, па ги потиснуваат бесот и лутината. По некое време ќе започне пасивното агресивно однесување, но со ова воопшто не се ослободувате од негативноста.

6. Чувствуваат постојана напнатост

Можеби трауматичното искуство завршило многу одамна, но на жртвите може да им биде тешко да се опуштат. Свесни се дека околностите се промениле, но секогаш ќе го очекуваат враќањето на старите проблеми, дури и несвесно. Тие се постојано напнати, а ова ги спречува да го живеат нивниот живот. Најчесто ова се појавува кај луѓето кои доживеале физичко малтретирање, но и кај оние кои се соочиле со премногу ментален стрес.

7. Живеат во улога на жртва

Ова се случува кога жртвата на некој начин ќе се навикне на оваа улога. Бидејќи долго биле третирани како беспомошни жртви, со текот на времето ќе почнат и да веруваат во тоа. Тие сметаат дека е посигурно да слушаат наредби, наместо да ги даваат. Ќе ги послушаат наредбите дури и ако не се согласуваат со нив, бидејќи сам така се чувствуваат безбедно.

Обидете се да ги одговорите и прашањата кои ќе ви помогнат да откриете дали вашето детство има негативно влијание врз вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар