7 одлични совети да изгледате секси со очила

7 одлични совети да изгледате секси со очила

Непобитен факт е дека очилата со диоптер го имаат оној „секси ефект“. Главната „финта“ е да гледате на вашите очила како на одличен аксесоар, а не како на товар кој ви го уништува изгледот. Со помош на вашите очила може да постигнете каков било ефект: паметен, секси, смел и што ли уште не. Девојки, ова се 7 совети кои ќе ви помогнат гордо и со исправена глава да ги носите вашите очила и слободно да заведувате со поглед.

7 одлични совети како да изгледате секси со очила

1. Секогаш грижете се вашите веѓи да бидат средени

Вашите веѓи треба да бидат средени бидејќи очилата уште повеќе ќе го нагласат нивниот облик. Без разлика дали сами се грижите за вашите веѓи или пак за тоа се грижи вашиот козметичар, доколку сте почнале да носите очила ставете уште поголем акцент на грижата за веѓите.

2. Употребувајте коректор за да ги скриете недостатоците

За жал вистината е дека очилата ги нагласуваат сите несовршености околу очите како на пример подочниците. Доколку не сте користеле коректор досега, време е да почнете. Ставете малку коректор околу очите и нежно размачкајте го, притоа бидете внимателни бидејќи кожата околу очите е многу осетлива. Исто така, обрнете внимание на нијансата која ќе ја одберете бидејќи може да создадете сосема погрешен ефект. Консултирајте се со продавачот и пред да го купите испробајте го производот со помош на тестер.

7 одлични совети како да изгледате секси со очила

3. Грижете се за убавината на вашите трепки

Еве и добра страна, очилата нагласуваат сè, а тука спаѓаат и убаво нашминканите очи. За да постигнете одличен ефект, при нанесувањето шминка користете виткач за трепки пред да нанесете маскара. Оние кои носат очила препорачливо е да користат маскара за волумен наместо за должина. Едноставно забавувајте се, не претерувајте со многу шминка и дајте им го на вашите очи „уау“ ефектот.

4. Забавувајте се со сенките за очи

Премногу темна шминка не им се препорачува на оние кои носат очила. Но никој не вели дека не смеете да се забавувате со боите. Доколку сакате да ги истакнете вашите очи, одберете боја на сенка која е спротивна од рамките на вашите очила. На пример доколку имате кафени рамки одберете сина сенка за очи. А може и да се држите до неутралните бои и да практикувате „гол“ изглед.

5. Дозволено ви е моливче за очи

Кога веќе сме кај шминката, што е со употребата на моливче или туш за очи? Дозволена е секако, дури и препорачлива, особено за вечерни излегувања. Очилата имаат неверојатен ефект на истакнување на вашата шминка. Може да одите со црна боја, а уште попрепорачливи се понежните тонови како сива или кафена. И тука важи правилото: без претерување. Доколку се одлучите за „зачадени очи“ а носите очила, најверојатно ќе постигнете ефект на измореност и исцрпеност.

7 одлични совети како да изгледате секси со очила

6. Нашминкајте ги вашите усни за да привлекуваат внимание

Секако, секогаш ви е дозволено да шармирате и флертувате, а уште повеќе со помош на усните. Очилата во комбинација со впечатлива боја на усни како црвена или темно розова се добитна комбинација. Со помош на овие бои вие го балансирате изгледот истакнувајќи ги очите и усните, со вкус и самодоверба, се разбира. Но доколку рамките на вашите очила се шарени, подобро би било да одберете понеутрални бои на кармин како розова, праска боја или пак светли сјаеви за усни.

7. Променете ја фризурата

Доаѓа најзабавниот дел! Време е за нов имиџ. Вашите очила во комбинација со соодветната фризура ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот ефект. На пример, за сладок изглед најмногу одговараат локните, за малку ретро и смело – боб фризура која уште подобро би ви стоела со рамки како мачкини очи (60-тите се повторно „ин“). За секси и софистициран изглед препорачлива е долга коса и шишки со заоблени врвови, а за уште посмел – сосем кратка фризура!

За крај не заборавајте дека сепак најголемиот совет е да ги носите вашите очила со самодоверба!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар