7 одлични начини за ТОЈ да биде заљубен во вас како и првиот ден
Кај луѓето кои се во долга врска понекогаш се јавува одредено заситување. Сепак, постојат парови кои и после десет години поминати заедно и понатаму се однесуваат како заљубени тинејџери. Се прашувате во што е нивната тајна? Тие работат на својата врска секој ден и вложуваат време и труд во својот однос. Погледнете ги овие 7 одлични начини со чија помош тој ќе биде засекогаш вљубен во вас, исто како и првиот ден!
1. Разбијте ги рутината и здодевноста
Ако сте заедно веќе некое време, секако дека ќе се појави некоја рутина во вашиот однос. Излегувате на исти места, се дружите со исти луѓе… Иако развивањето на рутина не е ништо лошо, одвреме-навреме врската мора да ја зачините со нешто поразлично, ако не сакате таа рутина да стане здодевна. Однесете го вашиот партнер во некој ресторан во соседниот град, организирајте краток излет преку викенд, купете билети за кино… Направете нешто кое не сте го направиле претходно и сигурни сме дека и двајцата добро ќе се забавувате и повторно ќе се заљубите.
2. Средувајте се повремено за него
Не е новост дека дамите, особено оние во брак, после неколку години се опуштаат и немаат желба да се средат за својот партнер како на почетокот. Предупредуваме: немојте да дозволите да ви се случи ова! Без разлика колку се чувствувате опуштено пред вашиот партнер, немојте да се занемарите себеси. Секако дека нема да се шминкате и средувате секој ден, но повремено направете го тоа за него, како и за себе. Купете секси долна облека или нов фустан и заведете го. Сигурно ќе биде воодушевен од вашиот труд.
3. Секогаш учете еден за друг
Овој совет го упатуваме на вас лично, бидејќи е многу важно цел живот да бидете љубопитни и да учите. Ако сте со партнерот веќе неколку години, тогаш сигурно знаете сѐ за него. Сепак, не заборавајте дека треба и да испробувате нови работи и на тој начин да научите нешто ново за партнерот. На пример, сигурно не сте ги испробале сите пози, не сте излегле во сите дискотеки и ресторани или пак сте се запишале на часови по танцување.
4. Дружете се со пријателите
Без разлика колку го сакате вашиот партнер немојте заради тоа да ги занемарите вашите пријатели. Повремено одвојте малку време само за пријателите, за кафе и за задолжителната трач партија. Не само што ќе ве освежи, туку и на вашиот партнер ќе му биде мило што знае дека сте на сигурно, а и тој тоа време ќе го искористи на свој начин. Организирајте го вашето време и вложувајте во вашиот социјален живот кој не го вклучува вашиот партнер.
5. Излегувајте на занимливи места, романтични вечери
Ако се однесувате како стар брачен пар, тогаш така и ќе се чувствувате. Повремено излезете на романтична вечера, прошетка, краток излет или во дискотека, само вие двајца, исто како на почетокот од врската. На тој начин ќе добиете прилика да се дотерате, да се заведувате во јавност и да имате занимливи разговори. Доколку сакате вашата врска да остане интересна, мора да се однесувате како да сте уште на почеток, дури и ако сте заедно веќе со децении.
6. Повремено задоволете ги неговите желби
Вие не сте роб на вашиот партнер и не мора да ја задоволувате секоја негова желба. Сепак, постои многу јасна граница помеѓу искористувањето и исполнувањето на желбите на мажот за кој се грижите. Повремено изненадете го вашиот партнер со работи за кои знаете дека ги сака и тој ќе биде пресреќен заради тоа. На пример, ако знаете дека вашиот партнер сака благо, понекогаш направете му некоја торта или купете доколку не се снаоѓате во кујната. Преземете иницијатива во креветот или изгледајте некој спортски натпревар заедно со него. Станува збор за ситници, но на тој начин ќе му покажете на вашиот партнер колку ви е грижа за него, а тој и понатаму ќе остане заинтересиран за вас.
7. Немојте никогаш да изгубите интерес за него
Доколку не сакате вашиот партнер да го изгуби интересот за вас, тогаш немојте ниту вие да го изгубите вашиот интерес за него. Тоа е доста едноставно, зар не? Ако двајцата сте среќни што сте заедно, тогаш не би требало да имате проблеми. Само одвреме-навреме потсетете го колку ви е грижа за него и покажете му колку го сакате.
Доколку се сомневате во чувствата на вашето момче кон вас, погледнете кои нешта мажите ги прават само доколку се навистина заљубени во вас.