7 одлични фризури за коса со должина до рамена

7 одлични фризури за коса со должина до рамена

Благодарение на модниот тренд, многу девојки се одлучија да ја скратат косата до нивните рамена. Ако спаѓате во оваа група, тогаш сигурно знаете дека бушавите опавчиња и пунџи се минато за вас. Па затоа, погледнете ги овие предлози за фризури токму за оваа должина на косата.

1. Опавче со две јамки

(1)7-odlichni-frizuri-za-kosa-do-ramenjata-kafepauza.mk

Кога сакате да направите опавче со оваа должина, тоа секогаш е премногу кратко. Па, направете уште една јамка на врвот на опавчето, додајте некоја декоративна шнола и ќе добиете елегантна фризура.

2. Пунџа со една јамка

(2)7-odlichni-frizuri-za-kosa-do-ramenjata-kafepauza.mk

Можете да ја соберете целата коса во мала пунџа и ќе постигнете сличен ефект.

3. Залижана наназад

(3)7-odlichni-frizuri-za-kosa-do-ramenjata-kafepauza.mk

Најдоброто нешто за оваа фризура е тоа што е најлесниот и најбрзиот начин да ги скриете мрсните корења.

4. Опавче со патец на средина

(4)7-odlichni-frizuri-za-kosa-do-ramenjata-kafepauza.mk

Патецот на средина ќе ви овозможи да направите мало ниско опавче.

5. Брановидна коса од страна

(5)7-odlichni-frizuri-za-kosa-do-ramenjata-kafepauza.mk

Сè што ви е потребно за овој ретро изглед е да ја ставите целата коса на една страна, да направите ниско опавче и да ставите неколку шноли за да ја фиксирате фризурата.

6. Лажна пунџа

(6)7-odlichni-frizuri-za-kosa-do-ramenjata-kafepauza.mk

Ако вашата коса е премногу кратка за пунџа на горниот дел од главата, едноставно извлечете половина од опавчето низ стегачот и оставете ги врвовите да „зјаат“ во панк-рок стил.

7. Плетенка од страна

(7)7-odlichni-frizuri-za-kosa-do-ramenjata-kafepauza.mk

Целосна круна од плетенка може да е премногу работа за некои, но малата плетенка од страна е одличен избор.

Погледнете ги и овие едноставни фризури кои ќе ви дадат нов изглед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар