7 незанемарливи знаци кои покажуваат дека телото ви е премногу кисело

7 незанемарливи знаци кои покажуваат дека телото ви е премногу кисело

Нашите тела може да бидат алкални или кисели. За да бидеме здрави, да се чувствуваме добро и со леснотија да ги извршуваме секојдневните работи, нашата pH мора да биде неутрална или благо алкална – помеѓу 7,3 и 7,5. Заради современиот начин на живот оваа вредност обично е многу помала, односно покисела и затоа се чувствуваме уморно, безволно, надуено, општо лошо. Книгата „Алкална исхрана“ од авторот д-р Стефан Домениг открива кои знаци предупредуваат дека телото ни е премногу кисело.

1-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_

За да може телото да ги апсорбира и да ги искористи хранливите состојки, дигестивниот систем мора правилно да ја разгради храната. Нездравите прехранбени навики, како преголемото внесување храна со која дигестивниот систем не може да се носи, предизвикуваат дигестивни тегоби, а тие може штетно да делуваат на алкалната состојба во телото.

Ако вредноста на pH е помала од 7, значи дека телото е премногу кисело. Прекумерната киселост наречена ацидоза може да ја предизвикаат не само намирниците кои ги консумираме, туку и начинот на кој ги јадеме. Современата исхрана подразбира консумирање погрешни видови храна (и пиење погрешни видови пијалаци). Таквата исхрана едноставно го парализира организмот и ни претставува товар.

2-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_

Притоа голема улога играат и други фактори како стресот, недостатокот на сон, загаденоста и претераното вежбање (кое предизвикува создавање млечна киселина). Исто така, на зголемената киселост големо влијание има и животната доба.

Алкална исхрана

Веќе повеќе од 100 години начелата за живеење и исхрана кои ги поставил австралискиот доктор Ф. Х. Маир и кои се претставени во книгата „Алкална исхрана“ од авторот д-р Стефан Домениг, им помагаат на 10.000 луѓе да воведат ред во својата исхрана, да се ослободат од непотребните килограми и да се чувствуваат подобро. Во продолжение следуваат 5-те основни начела на алкалната исхрана:
1. Секој ден пијте 2 литри вода – можете да вклучите и други пијалаци, како сок од морков, но потребно е да пиете и многу чиста вода. Со две литри дневно телото и неговите органи ќе бидат пофлексибилни.

2. Ако помеѓу оброците чувствувате потреба за храна, а сте сити, испијте растителен чај или филтрирана вода. Исто така и кога телото е жедно, а не гладно, подобро е нешто да испиете отколку да изедете.

3. Немојте навечер да пиете или да јадете сирова храна, бидејќи тешко се вари. Во текот на ноќта таквата храна може да се ферментира во желудникот.

3-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_

4. Наместо црн чај или кафе пијте сок, растителен чај или јадете супа. Црниот чај и кафето се кисели.

5. Немојте да бидете нервозни додека сте на оваа исхрана – останете смирени и внимателни. Уживајте во процесот на чистење на телото и духот.

7 секојдневни тешкотии кои укажуваат на зголемена киселост во вашето тело:

1. Тврда столица и надуеност

И за едното и за другото причина е пребрзото јадење, преголемата количина храна и/или прекиселите оброци.

2. Недостаток на енергија и концентрација

Бидејќи киселината ја намалува количината на кислород во крвта, се чувствувате мрзливо. На мозокот и телесните органи им недостига тој витален елемент.

4-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_

3. Проблеми со тежината

Прекумерната телесна тежина открива дека вашата исхрана не е во согласност со способностите на телото да ја обработи храната која му ја давате.

4. Лош тен и сува, безживотна кожа без сјај

Вишокот киселина се излачува преку кожата и предизвикува нејзино оштетување и воспаление.

5. Болест на непцата, кариес и непријатен здив

Овие симптоми може веднаш да се поврзат со претерано кисела исхрана, бидејќи тогаш бактериите може многу побрзо да се размножуваат отколку кај луѓето што се на алкална исхрана.

5-prichina-za-mnogu-tegobi-7-vazhni-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-teloto-e-premnogu-kiselo-www.kafepauza.mk_

6. Чести настинки

Кога телото не ја добива вистинската храна и кога желудочната флора се менува, најголемата закана доаѓа од ослабениот одбранбен систем.

7. Болки во мускулите и зглобовите

Воспалението може да биде знак дека алкалните минерали во коските и мускулите се излачуваат за да се неутрализира киселоста. Одредени киселини, како арахидонската киселина во црвеното месо исто така го активираат воспалението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар