7 нешта во животот коишто не можете да ги контролирате
Едноставно, некои работи во животот се надвор од ваша контрола. Можеби ќе налетате на луѓе со кои не се сложувате, или пак ќе чекате навистина долго време за да купите кафе. Ќе ви го откажат летот барем еднаш во животот и треба да верувате дека судбината ќе ве спои со вашата сродна душа.
Повеќе би сакале да знаете како ќе се одвива некоја ситуација, наместо подоцна да видите што ќе се случи. Нештата што не можете да ги контролирате навистина можат да ви го нарушат мирот. Па, важно е да научите да престанете да се грижите за нив што е можно побрзо.
1. Промена
Од една страна, најлошото нешто за животот е тоа што сè се менува, дури и добрите нешта. Од друга страна, убавото нешто за животот е тоа што ништо не останува исто. Па, и вашата најхаотична недела нема да трае засекогаш. Колку и да посакувате времето да е во вашите раце, тоа никогаш нема да биде така. Неверојатните сеќавања ќе завршат, а вие ќе се будите во нов ден во кој може да се случи сè. Сигурно се прашувате што можете да направите за да ја забавите промената. Вистината е дека ќе мора да ја прифатите и да ги гледате разликите како можности да направите нешто ново и возбудливо во животот.
2. Време
Понекогаш ќе се разбудите опкружени со куп снег или пороен дожд. Плановите за на плажа ќе треба да ги преместите, или ќе треба да го прескокнете кафето. На почетокот ќе му бидете навистина гневни на светот и ќе им се жалите на пријателите. Но не дозволувајте му на тоа чувство да трае цел ден, бидејќи времето надвор е надвор од ваша контрола. Потребно е да го извлечете најдоброто од дождливиот ден и да ја најдете позитивната страна.
3. Сообраќај
Секогаш бидете подготвени да се соочите со сообраќаен метеж. Можеби ќе се обидете да најдете некој алтернативен пат од дома, и тоа е одлична идеја. Но, понекогаш ситуацијата ќе биде надвор од ваша контрола. Ќе налетате на неколку автомобили и веднаш почнувате да паничите. Чекањето може да биде навистина лошо, но вашиот ум може да го направи подобро. Особено кога навистина се брзате, изгледа дека тогаш најчесто се соочувате со метеж. Можете да се жалите целиот пат, или да се научите да го прифатите тоа. Вие секако ќе стигнете, кога ќе стигнете.
4. Минато
Минатото е минато. Не можете да го промените и што и да се случило е надвор од ваша контрола. Минатото може да боли, но тоа е она што вие најмногу го правите да биде. Можете да ги оставите тие срамни сеќавања, или целиот живот да се сеќавате на нив. Можете да ги чувате вашите омилени моменти од минатото и да им дозволите да ја напојуваат вашата страст. Што и да одлучите, обидете се да го правите најдоброто за себе.
5. Иднина
Иднината, како и минатото, е надвор од ваша контрола. Можете да се обидете да направите 5-годишен план или да се обидувате да го нагаѓате секој чекор од патот. Но, веројатноста е дека ќе се случи барем едно нешто што не сте го зеле предвид. Можеби ќе се вљубите, или ќе најдете нов град што сакате да го нарекувате дом. Можеби ќе ја промените кариерата и ќе се одлучите да ги следите и најлудите соништа. Овие нешта се неочекувани, и искрено се најдобрите делови од животот. Научете да се ослободите од верувањето што би требало да бидете и фокусирајте се на она што сте сега. Сепак, можете да ги контролирате само постапките и реакциите во сегашноста.
6. Туѓото мислење
Колку и да не признавате, голема е веројатноста да се обидувате да ги промените туѓите мисли и чувства. Можеби сте биле во врска во која партнерот се чувствувал поинаку, или во разговор во кој соговорникот не се согласува со вас. Со часови сте се обидувале да ги убедите да ја прифатат вашата гледна точка, но ова е целосно надвор од ваша контрола. Обидете се да заборавите на ова и фокусирајте се на вашата реакција во овие ситуации.
7. Туѓата среќа
Без разлика колку сакате семејството и пријателите да бидат среќни, и тоа е надвор од ваша контрола. Се разбира можете на пријателите да им праќате смешни слики, или да ја однесете мајка ви на ручек кога не се чувства добро. Но на долгорочен план, нивната среќа зависи само од нив. Мора да ги заборавите нивните проблеми и да се фокусирате на вашата позитивност. Помогнете им да ја најдат позитивната страна во лоша ситуација, но потоа отстапете и зачувајте го вашиот мир. Ќе бидете навистина истрошени ако се обидувате да ѝ ја преземете улогата на судбината. Не заборавајте дека и вие сте човек и потребно е да се ставите на прво место секогаш кога можете. Нема потреба да ја носите тежината на светот на вашите рамена, а клучно е да на научите како да го оставите она што не можете да го контролирате.
Погледнете и кои се нештата за кои морате да почнете да наоѓате време.