7 нешта со кои несвесно ги иритирате другите

7 нешта со кои несвесно ги иритирате другите

Сигурно познавате некоја личност која едноставно ве иритира. Но дали таа го прави ова намерно? Најверојатно не. Повеќето луѓе воопшто не забележуваат кога иритираат некого, бидејќи воопшто не мислат дека се однесуваат така. Но, постојат неколку нешта кои мнозинството луѓе не можат да ги поднесат, а другите ги прават несвесно. Погледнете за кои станува збор.

7 нешта со кои несвесно ги иритирате другите

1. Несигурност

Иако ретко кој ќе признае, но несигурните луѓе можат да бидат навистина напорни. Од друга страна, луѓето кои знаат што сакат, кои имаат точно зацртани цели и кои стојат зад своите одлуки и преземаат одговорност се навистина опуштени.

2. Телефонирање на јавно место

Се разбира, навистина е практично да разговарате со мајка ви по телефон додека се враќате од работа. „Празното“ одење го исполнувате со разговор. Но луѓето не сакаат да ги слушаат туѓите разговори многу долго. Сигурно сте забележале дека и вам не ви се допаѓа кога некој прави долг разговор на телефон до вас.

3. Пуштање на кучето да трча слободно

Се разбира, вашето милениче е преслатко и мило и никого нема да нападне. Но, имајте на ум дека некои луѓе не го знаат ова и не сите се љубители на кучиња. Исто така, кога е пуштено, кучето ќе изврши нужда каде што сака, или пак може да му пријде на некој кој не се чувствува удобно околу животни. Не заборавајте дека луѓето кои трчаат или возат велосипед често се мета на пуштените кучиња.

4. Претерана внимателност

Понекогаш внимателноста може да значи љубезност и добро е да ја покажете, но не треба да претерувате. Воглавно, другите луѓе знаат што им пречи, што сакаат или што е добро, а што не за нив.

5. Блокирање на ескалаторот

Постојат два вида луѓе – оние кои го користат ескалаторот за да не одат и оние кои се качуваат по ескалаторот. И двата вида треба да коегзистираат. Доколку не сакате да одите по ескалаторот, не заборавајте дека треба да стоите од десната страна. Доколку се качувате, качувајте се по левата. На овој начин нема да ги спречите луѓето кои се брзаат.

6. Сè правите сами

Веројатно мислите дека доколку не барате помош или совет нема да ги иритирате другите. Но, во реалноста ова е поинаку. Потребно е да ги знаете вашите граници и да признаете кога ви е потребна помош. Всушност, ако некој мисли дека може сè да направи сам, а потоа не сработува ништо, на крај им ја остава работата на другите.

7. Постојано оправдување

Понекогаш треба да се оправдате кога не можете да направите нешто. Но, долгите приказни и оправдувања не сака да ги слуша никој. Нормално е да очекувате да дадете сè од себе, а кога нема да успеете во нешто, сигурно постои оправдување. Но ако некој сака да го знае оправдувањето, ќе ве праша. Не мора самите да почнувате да раскажувате.

Дали знаете кои се најиритирачките машки навики?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар