7 нешта што треба да ги знаете за антибиотиците

7 нешта што треба да ги знаете за антибиотиците

Лекарите ги препорачуваат антибиотиците во екстремни случаи. Традиционалната медицина препорачува земање природни аналози. Но дали овие аналози можат да ја заменат медицината? Кои се најчестите несакани ефекти? Кога треба да одбиете антибиотици? Во продолжение прочитајте ги одговорите на овие прашања.

1. Дали антибиотиците се „хемија“?

7 нешта што треба да ги знаете за земањето антибиотици

Александар Флеминг случајно го открил пеницилинот, еден од првите антибиотици, кога нашол мувла во неговите епрувети. Првите антибиотици биле создадени од габи, а подоцна научниците почнале да употребуваат бактерии. Денес науката овозможува создавање на синтетички лекови. Тие имаат подобар ефект од природните антибиотици и нивното правилно име е антибактериски лекови.

Сите антибиотици содржат хемиски состојки без разлика дали се добиени во лабораторија или природно. Опасноста е во нешто друго – ако микробите развијат заштита против силните антибиотици, повеќе немa да можеме да ги уништиме со помош на медицината. Во овој случај личноста се потпира само на нејзиниот имунитет за справување со болеста.

Речиси е невозможно да добиете антибиотици во домашни услови без потребното знаење и опрема. Мувлата што обично ја гледате на лебот не произведува антибиотик. Флеминг поминал 10 години правејќи разни видови пеницилин за да добие продукт што е долготраен и погоден за медицинска употреба.

Лекарите сфатиле дека многу луѓе развиле алергија кон антибиотиците кога ги употребувале често, особено на лековите од истата група пеницилини. Ако возрасна личност редовно се лекува со антибиотици, нејзините деца можат да развијат алергија и отпорност на овие лекови. Единствениот начин да се третираат овие луѓе со антибиотици е со постепено зголемување на дозата. Денес лекарите се обидуваат да ја спречат оваа реакција со тоа што го зајакнуваат имунитетот. Во овој случај телото може да се бори против патогените без антибиотици. На пример, ако имате настинка можете да оздравите и без лекови.

2. Кога антибиотици се бескорисни?

7 нешта што треба да ги знаете за земањето антибиотици

Овие лекови се бескорисни кога имате каква било вирусна инфекција вклучувајќи настинка, грип, воспалено грло (освен ангина) и течење на носот што не е предизвикано од бактериска инфекција.

3. Кога не треба да одбиете да земате антибиотици?

7 нешта што треба да ги знаете за земањето антибиотици

Бактериските инфекции кои предизвикуваат висока температура и други фактори можат сериозно да го загрозат здравјето и животот на пациентот. Не одбивајте да земате антибиотици во следниве случаи:

  • Воспаление на белите дробови (пневмонија)
  • Инфекции на цревата
  • Бактериски инфекции на назофаринксот
  • Инфекции на уринарниот тракт
  • Сексуално преносливи болести

4. Дали е опасно да се јаде месо од животни третирани со антибиотици?

7 нешта што треба да ги знаете за земањето антибиотици

Опасноста постои само ако месото не било изложено на топлина. Научниците се навистина внимателни со бактериите што развиле отпорност поради контакт со антибиотици. Колку е помал контактот, толку е поголем ризикот од мутации и супербактерии со кои лекарите не можат да се справат. Опасно е да се јаде месо (освен ако не е добро испечено), сирова риба, сирови јајца или да се пие непастеризирано млеко. Истите бактерии навлегуваат во почвата и изворите на вода, па поради ова е важно темелно да ги миете и овошјето и зеленчукот.

5. Дали природните антибиотици како кромид, лук и ѓумбир навистина работат?

7 нешта што треба да ги знаете за земањето антибиотици

Постојат растенија и природни продукти со состојки кои активно се борат против вируси, бактерии, габи и паразити. Луѓето ги користеле илјадници години за да го зајакнат нивниот имунитет или за да се лекуваат. Погрешно е да бидат нарекувани природни антибиотици бидејќи функционираат поинаку и не можат целосно да ги заменат лековите. Кога се земаат без надзор од лекар можат да предизвикаат сериозни проблеми со здравјето. Опасно е да го заменувате лекувањето со лекови од тревки. На пример, ако некоја жена пие лек што содржи кантарион, а истовремено прима орална контрацепција, може да остане бремена.

6. Дали сирењето со мувла содржи антибиотик?

7 нешта што треба да ги знаете за земањето антибиотици

Одговорот е не. За овој вид сирење се користат друг вид габи, но повременото консумирање сирење со мувла е добро за вашите црева.

7. Кои природни лекови се препорачани од лекарите?

7 нешта што треба да ги знаете за земањето антибиотици

  • Медот се нанесува на мали рани и изгореници. Содржи хидроген пероксид и има ниска рН вредност.
  • Активниот јаглен се зема за спречување на мамурлак и за подобрување на дигестијата. Ги отстранува токсините и ја спречува дијареата.
  • Есенцијалното масло од оригано ѝ помага на кожата да се ослободи од габичните инфекции. 1-2 капки масло од оригано се раствораат во вода и смесата се нанесува на самата инфекција.
  • Ѓумбирот во комбинација со чај помага со утринската мачнина и го стабилизира стомакот. Важно е да се употребува свеж корен од ѓумбир.
  • Алое верата го забрзува зараснувањето на раните и изгорениците. Најдобро е да се употребува свеж сок од алое вера.
  • Сенфот може да се користи како облога за настинка, течење на носот и бронхит. Облогите имаат ист ефект како лековите против болка и го запираат воспалението.
  • Чајот од банана помага со несоницата. Потребно е да ја употребите целата банана, заедно со лушпата, а можете да додадете и малку цимет.
  • Куркумата ќе ви помогне да се ослободите од подуеноста. Растворете еднa лажицa куркума и малку сол во млака вода и испијте ја смесата после оброк.

Постојат неколку факти кои ќе ве убедат дека не е добро да употребувате растенија за сериозни болести наместо терапијата што ви ја препишал лекарот.

  • Нема клинички истражувања што ја потврдуваат безбедноста на употребата на растенија како лекови.
  • Растенијата растат во разни опкружувања и речиси е невозможно да добиете прецизна доза од секоја супстанца. Ова значи дека има голем ризик од несакани ефекти дури и ако сте зеле малку.
  • Многу растенија и методи од традиционалната медицина се во контакт со токсични супстанци кои можат да ја влошат состојбата на пациентот.
  • Повеќето растенија чии лековити дејства се докажани се употребуваат во медицината како лекови. Исто така отстранети им се сите можни несакани дејства.

Погледнете и како да го исчистите вашето тело по пиењето антибиотици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар