7 нешта што секогаш им се привлечни на жените

7 нешта што секогаш им се привлечни на жените

Мажите пораснале со верувањето дека секогаш треба да изгледаат незаинтересирано, без емоции и да не ризикуваат да се претстават како „слабаци“. Многу мажи неуморно работат со години за да создадат богатство, за на крај да сфатат дека им е навистина тешко да пронајдат жена која ќе ги цени како личност. Па ако богатството, луксузот и незаинтересираноста не ги привлекуваат жените, што е она што им е привлечно?

7 нешта што секогаш им се привлечни на жените

1. Цели

Жените ги привлекуваат мажи кои имаат цели што активно ги следат. Но желбата за остварување на целите не е доволна сама по себе. Потребно е да бидете поттикнати од нешто што навистина го сакате. Жените многу повеќе би сакале маж кој со страст работи како уметник, наместо маж кој влегол во светот на правото само за да ги задоволи своите родители. Без разлика колку чудно звучи ова, страста и желбата за нешто се секогаш попривлечни од богатството.

2. Присуство

Секоја личност сака да се чувствува разбрано од некој во нејзиниот живот. Но, малку луѓе одвојуваат време да ги искажат и да ги објаснат своите чувства. Кога станува збор за поврзување со жена на подлабоко ниво, вашето присуство е многу поважно од подароците што ѝ ги купувате. Кога сте целосно присутни во животот на партнерката ѝ давате чувство дека е слушната и разбрана. Колку внимание ѝ обрнувате на партнерката кога разговарате со неа? Ако одговорот не е целото ваше внимание, не сте целосно присутни со неа. Исклучете го телевизорот, оставете го телефонот, гледајте ја во очи и навистина слушајте што ви кажува.

3. Смисла за хумор

За многу жени најважната нефизичка особина кај партнерот е смислата за хумор. Животот е доволно сериозен онаков каков што е, па не е ни чудно што жените бараат партнер со смисла за хумор.

4. Спонтаност

Предвидливоста може навистина да ја убие привлечноста. Ако партнерката може да го предвиди секој ваш збор, постапка или потег во креветот, време е да внесете малку спонтаност во вашиот живот. Без разлика дали ќе ја однесете на ново место или ќе ја изненадите со омилениот пијалак, спонтаноста ќе ја врати страста во вашата врска.

5. Некој со намера во животот

Ова значи да поставувате прашања за сè во врска со вашиот живот и да го градите животот што сакате да го живеете. Лесно е да бидете сиромашни, да не бидете во форма и да имате врски без иднина. Она што е тешко е да бидете богати, да бидете во одлична форма и да имате врски на кои другите им завидуваат. Но не значи дека овие нешта се невозможни. Не треба да целите само кон нештата што сакате да ги додадете во вашиот живот. Потребно е да ги погледнете и најтемните места во вас и да се запрашате дали сакате да го чувате целиот товар што сте го насобирале. Размислете што е она што ве спречува и отстранете го од вашиот живот.

6. Лидерски способности

Не е тајна дека жените ги привлекуваат мажи со способност за лидерство. Речиси секој е привлекуван од луѓе кои имаат поголема социјална вредност од другите. Но има голема разлика помеѓу оние кои се гладни за моќ и оние кои навистина сакаат да инспирираат. Немојте да бидете горди на вашиот авторитет во канцеларијата. Доминацијата не е привлечна. Наместо тоа водете со социјална интелигенција, добрина и прикажете ги вредностите кои другите би сакале да ги имаат.

7. Ранливост

Целата моќ, престиж, лидерски способности и смисла за хумор нема да ви помогнат ако не ѝ дозволите на партнерката да ја види вашата емоционална страна. Врските се важни за личност раст и развој. Со цел да ги надминете ограничувањата на интимноста, пуштете ја партнерката внатре. Дозволете си да бидете ранливи пред неа, а ако е потребно побарајте помош и дозволете ѝ да ви помогне.

Погледнете и кои се работите за кои зрелите жени воопшто не се грижат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар