7 нешта кои вашето момче не треба да ве спречува да ги правите

7 нешта кои вашето момче не треба да ве спречува да ги правите

Да се биде во врска не е многу различно од тоа да се биде сингл. Да, постојат неколку огромни разлики, како фактот дека секогаш имате на располагање личност која можете да ја бакнете или прегрнете. Но, тоа не ве прави различна личност од претходно. Со цел да го докажете тоа, погледнете ги следниве 7 нешта кои не треба да му дозволувате на вашиот партнер да ве спречува да ги правите…

7 нешта кои вашето момче не треба да ве спречува да ги правите

1. Машки пријатели

Вам ви е дозволено да имате машки пријатели. Откако ќе почнете сериозна врска, вие не треба да ги исфрлите сите други момци од вашиот живот. Баш напротив, вие треба да задржите што е можно повеќе од вашите најблиски пријатели покрај вас, без разлика на нивниот пол. Од друга страна пак, доколку станува збор за бивш дечко или пак, за момче кое премногу ви се допаѓало во минатото, тогаш можеби на вашиот сегашен партнер ќе му биде непријатно да сте насамо со него. Токму затоа со ваквите момци секогаш бидете во поголемо друштво со цел тој да не ги гледа како закана.

2. Кариера

Вие никогаш не треба да се најдете во ситуација каде што би требало да избирате помеѓу кариерата и љубовниот живот. Погледнете ги малку другите жени во вашиот живот и брзо ќе сфатите дека е можно да бидете успешни и на двете полиња истовремено. Дури и покрај тоа што можеби вашиот партнер може да се грижи финансиски за вас, сепак тоа не значи дека треба да се откажете од идејата да ги следите вашите соништа.

3. Флерт

Без разлика дали сте во врска само неколку недели или пак, со години, вие никогаш не би требало да престанете да флертувате со вашиот партнер. Тајната за одржување на страста во врската е во постојаното обидување да се импресионирате еден со друг и да не дозволите флертот помеѓу вас да остане само далечен спомен.

4. Вежбање

Голем број од паровите престануваат со вежбање веднаш кога ќе започнат сериозна врска. Тие знаат дека нивниот партнер нема да оди никаде, па токму затоа и им се намалува нивната желба за одржување на телото во добра форма. Но, пред да ја донесете оваа одлука, не заборавајте дека вежбањето е клучно за вашето здравје и доколку се откажете тоа може да доведе до сериозни последици за вашето тело.

5. Пријателства

Не заборавајте на вашите пријатели во истиот момент кога ќе си најдете дечко. Доколку го направите тоа и случајно раскинете со вашиот партнер, големи се шансите дека нема да остане никој покрај вас. Исто така, тој не треба да биде дел од секоја секунда во вашиот живот. Тоа е исцрпувачко и лошо за врската, бидејќи на секој му е потребно време за дишење. Токму затоа сигурни сме дека можете да најдете време во вашиот „зафатен календар“ и за пријателите кои со години биле покрај вас.

6. Време за себе

Вие не треба да му се јавувате на вашето момче секогаш кога ќе имате слободно време. Дозволено ви е да останете дома и да прочитате книга или пак, самите да се напиете кафе во двор. Сосема е нормално одвреме-навреме да посакувате да бидете малку сами со своите мисли. Всушност, тоа е многу здраво за паровите во долготрајните врски.

7. Одлуки

Вие не сте обврзани да го вклучите партнерот во секоја одлука која треба да ја направите. Да, во ред е да го прашате за мислење доколку станува збор за голема промена во вашиот живот, како отказ од работа или купување автомобил, но на крајот на краиштата последниот збор треба да биде ваш. И покрај тоа што сте во врска, сепак сте индивидуална личност која е способна да размислува сама и да донесува одлуки за себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар