7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Сите луѓе барем еднаш во својот живот биле лудо вљубени во личност без која не можеле да си го замислат својот живот. Овие врски некогаш завршувале, но некогаш траеле „засекогаш“. Без разлика на ситуацијата, погледнете ги овие 7 нешта низ кои секој кој бил заљубен поминал и токму затоа многу добро ги познава…

1. Чувството да се биде доживеан на еден сосема нов начин

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Една од најмагичните нешта кога станува збор за заљубувањето е чувството на новост која следува со него. Вашиот партнер е мистерија. Вие сте мистерија. Одеднаш имате нова личност во вашиот живот која сака нешто повеќе од вас и која е фасцинирана од сите ваши карактеристики. Што мислите, зошто заљубените се фасцинирани од очите на другиот? Бидејќи тие можат да ја забележат оваа новост во нив.

2. Бавното откритие на животот на друга личност

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Покрај неверојатното чувство да се биде виден во ново светло, постои и исклучителна сензација при откривањето на животот на друга личност. Пред вас стои странец, кој досега немал никакво влијание врз вашиот живот, но одеднаш ве фасцинира повеќе од што било друго на светов. Одеднаш сфаќате дека сакате да знаете повеќе, да знаете сè! Сакате да ги откриете сите оние нешта кои ја прават оваа личност уникатна и посебна…

3. Стравот да се каже „Те сакам“ и битката која следува со него

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Изгледа дека овие 2 збора многу лесно можат да предизвикаат вашето срце да експлодира, но истовремено се и премногу тешки за признавање. Болката која произлегува од стравот да се изговорат овие зборови е застрашувачка, но и ни покажува дека емоциите се реални, дека постојат и дека се наши. Па, зошто е толку тешко да се кажат? Накратко, стравот од одбивање. Нам не ни е доволно само да кажеме дека некого љубиме, туку сакаме и да го слушнеме тоа. Тежнееме кон взаемноста на ова чувство.

И моментот кога конечно ќе ги изговориме овие 2 збора

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Едноставно мора да бидеме храбри и да имаме верба дека после изговарањето на овие магични зборови, сè ќе си дојде на своето место. Ако не се обидеме, како ќе знаеме дека може да биде уште подобро?

4. Неверојатноста која стои позади првите искуства

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Никој никогаш не го заборава првото „Те сакам“ кое било гласно изговорено. Првиот пат кога таа ве фатила за рака или првиот пат кога тој ви го дал своето палто за да не ви биде ладно. Вие никогаш нема да го заборавите првиот состанок со неа, ниту пак таа ќе го заборави вашиот прв бакнеж за добра ноќ. Сите овие „први“ моменти не само што служат како потсетници за вашите добри денови, туку постојат и како нешта на кои сите им се радуваат и ги очекуваат со нетрпение.

5. Наоѓање знаци насекаде

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Секогаш е примамливо одговорноста за постоењето на љубовта да им ја припишуваме на оние мали и суптилни нешта кои ги забележуваме во секојдневието. Таа го сака истиот пијалак како вас? Тоа мора да е знак. Или пак, тој има куче со истото име како вашето? Да, дефинитивно станува збор за знак! Од каде знаете? Можеби навистина е така. Или пак, тоа е само една голема заблуда која ни овозможува полесно да го разбереме она што го доживуваме. Но, сепак тие на еден начин предизвикуваат зближување помеѓу партнерите.

6. Географијата на телото на новиот љубовник

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Еден сосема нов стил на учење започнува откако партнерите ќе почнат да ги истражуваат нивните тела. Вие почнувате да трагате по нови рутини кои доведуваат до задоволство. Откривате каде треба да допрете и како да го сторите тоа. Кога ќе слушнете воздишка, знаете дека сте на вистинското место. Новата љубов е непозната, па токму затоа почнете со истражување.

7. Неодоливото верување во „засекогаш“

7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

Не постои ниту еден пар во светот кој не размислувал за венчавка и заеднички живот. Ова ни говори за фундаменталната потреба да се има човечки придружник. И некои среќни луѓе, одвреме-навреме ја откриваат оваа личност во форма на љубов. Некои луѓе дури успеваат и да останат со оваа личност до крајот на својот живот, притоа заеднички поминувајќи ги сите препреки и градејќи живот исполнет со многу среќа и задоволство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар