7 нешта кои не би требало да ги правите пред да се изложите на сонце
Ако вашата вода со часови стои на сонцето, поради топлината од нејзината пластика можат да се ослободат многу хемикалии, кои иако не се смртоносни, не се здрави да ги внесете во вашиот организам. Повременото мачкање со крема за сончање не е доволно ако сакате целосно да се заштитите од сонцето… Прочитајте уште што не треба да правите кога се изложувате на сончевите зраци.
1. Да цедите лимон
Можеби звучи лудо, но кога лимоновиот сок ќе дојде во контакт со човечката кожа во комбинација со сонцето може да доведе до хемиски реакции кои ќе предизвикаат навистина ужасно исипување на кожата.
2. Да ја оставите кремата со СПФ фактор на сонце
И така да се „вари“ цел ден… Високата температура може да ја промени формулата на кремот и да ја намали нејзината делотворност.
3. Да не нанесувате крем за сончање
Кремот за сончање се нанесува 15-30 минути пред да се изложите на сончевите зраци.
4. Да му верувате на заштитниот фактор од шминката
Секако дека не е доволен – мора да се вооружите со вистинска заштита.
5. Да се излежувате без заштита затоа што веќе имате „фатено боја“
Навистина мислите дека факторот од шминката е доволен за да се заштитите од УВ-зраците? Тенот не ве штити од штетните зраци – тоа е нешто што досега би требало да го знаете.
6. Да носите производи кои имаат антиејџинг состојки или се против акни
Агресивните киселини во кремите за лице во комбинација со сонцето можат да ја направат кожата уште поосетлива. Пред плажа можете да нанесувате само хидратантни креми.
7. Да ја оставите водата на сонце
Ако вашата вода стои на сонце со часови, поради топлината од пластиката можат да се ослободат хемикалии, кои иако не се смртоносни, сепак не се здрави да ги внесувате во вашиот организам. Ако ништо друго, шишето со вода прекријте го со маичка или ставете го под сенка.