7 нешта кои ќе ви се случат ако почнете да го бричите лицето

7 нешта кои ќе ви се случат ако почнете да го бричите лицето

Пред извесно време интернетот полуде кога жените почнаа да ги бричат своите лица. Ако и вие размислувате да почнете со оваа рутина, но не сте сигурни за последиците, ова се информациите кои треба да ги знаете. Можеби нема да ги искусите сите 7, но добро е да бидете подготвени.

2-7-neshta-koi-kje-vi-se-sluchat-ako-pochnete-da-go-brichite-liceto-kafepauza.mk

Концептот на бричење на женското лице е релативно нов тренд, но јапонските жени тоа го прават многу долго време. Пред да навлеземе во последиците кои ќе ги чувствувате на вашето лице, прво мора да напоменеме дека е многу важно ако одлучите да го правите тоа, да го правите како што треба. Најпрво треба да го намокрите лицето, па да нанесете крема или гел за бричење и да се бричите во насока на растот на влакната. Многу важно е да завршите со антиоксидантна хидратантна крема. „Бричењето ќе овозможи подобра пенетрација на кремата, а тоа ќе влијае на минимизрање на воспаленијата и иритацијата“, нè советува д-р Деби Палмер, сертифициран дерматолог.

Ако планирате да преминете од депилација и чупање на овој метод, ова се нештата кои треба да ги знаете.

1. Кожата ќе ви биде ексфолирана

Да, бричењето е како еквивалент на пилинг за лице.

2. Влакната нема да ви растат подебели

Наспроти широкото верување во овој мит, дерматологот д-р Дејвид Бенкс вели дека „ниту депилирањето ниту бричењето не предизвикуваат влакната да растат побрзо или подебели. Имаме одреден број фоликули во кожата и ако не ги уништите со ласер, тие ќе продолжат да растат со истото темпо и со истата дебелина.“

3. Ќе имате подникната брада

Рене Дејли, која редовно го бричи лицето вели: „Луѓето велат дека влакната ќе излегуваат погусти, но моите секогаш останауваат меки, освен кога подникнуваат, што може да се види после два дена.“ Таа користи силна шминка за да ги покрива подникнатите влакна кога тие почнуваат да се пробиваат.

1-7-neshta-koi-kje-vi-se-sluchat-ako-pochnete-da-go-brichite-liceto-kafepauza.mk

4. Полесно ќе нанесувате шминка

Дејли забележува дека шминката подобро се фиксира после бричење, што има логика бидејќи бричењето дава помазна површина за работа.

5. Може да имате внатрешни влакна

Исто како при стандардното бричење, поткожните влакна се појавуваат и на лицето ако не се бричите правилно и не користите крема за бричење.

6. Може да искусите црвенило

Оние кои имаат чувствителна кожа треба да бидат многу внимателни за да не им се појави црвенило. Повторно потенцираме, не брзајте и користете крема за бричење ако вашиот брич е наменет за таква употреба.

7. Ќе треба да се бричите редовно

Без разлика дали користите влажен брич или сув, неопходно е одржување, освен ако не сакате да дозволите да имате подникнатна брада која ќе чекате да се „избланшира“ природно од сонцето.

Па, што мислите? Би пробале?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар