7 неочекувани прехранбени производи кои можат да ја заменат солта
Во последно време солта ја бие лош глас, особено поради нејзината преголема застапеност во куповната храна. За подобро регулирање на внесувањето сол во вашиот организам, се препорачува нејзина замена со поздрави алетернативи. Имено натриумот, главниот елемент во солта, може да се најде во повеќе природни билки од кои најдобри се следниве 7.
1. Цимет
Еден од најстарите зачини, кој обично во кујната се користи единствено за слатки работи, има многу поголема примена. Тој може да биде одлична замена за солта бидејќи подобро ги регулира шеќерите во крвта и има способност да го намали холестеролот. Иако не можеме да го замислиме неговиот интензивен мирис во секојдневните оброци, циметот изненадувачки добро се снаоѓа во пикантните јадења. На пример, помешан со кари ќе го обогати секое пилешко јадење.
2. Кардамом
Кардамомот се смета за член на семејството на ѓумбирот. Неговиот вкус е деликатен и ароматичен и уште на првиот допир со непцата се чувствува солта која ја содржи. Затоа воопшто не изненадува што неговата присутност е сѐ почеста во некои јадења наместо солта. За поинтензивен вкус на кардамомот, потребно е неговите семки малку да се испржат.
3. Чили пиперчиња
Топлиот и пикантен вкус кој го оставаат чили пиперчињата во устата е заслуга на нивните лековити својства, па токму затоа и тие треба да станат омилен зачин на храната која се јаде со лажица, каде и најдобро ги балансираат вкусовите.
4. Семки од сончоглед
Само 50 грама од семките на овој плод ги задоволуваат дневните потреби за витамините Е и Б1, а само 100 грама семки ги задоволуваат дневните потреби на организмот за манган, бакар, магнезиум, натриум, фосфор и витамин Б6. Солениот и по малку горчлив вкус на семките им го дава натриумот, па затоа мелените семки од сончоглед можат да се користат во исхраната наместо сол.
5. Лук
Лукот е одлична замена за солта, посебно лукот во прав. Многумина го користат со риби и тестенини, бидејќи го подобрува вкусот на овие производи. Неговите многубројни лековити својства се главната причина за неговата голема примена во кујната, а доколку ја изоставите солта во јадењето и додадете само малку лук, ќе го осетите и неговиот солен вкус.
6. Босилек
Зелените листови на босилекот изобилуваат со етерични масла, кои помеѓу низата компоненти содржат и натриум. Токму затоа босилекот може да биде добра замена за солта. За да ги сочувате маслата од листовите, потребно е да ги додадете на самиот крај во подготовката на јадењето. Освен во готвените јадења, босилекот одлично функционира кога е помешан со зеленчук, тестенини и салати каде неговиот солен вкус особено доаѓа до израз.
7. Сок од лимон
Салата без зрно сол, но со многу лимонов сок, целосно ќе го замени омилениот зачин. Освен тоа, лимонот е познат природен конзерванс и како таков е совршена замена за солта.