7 необични работи кои ги правите поради анксиозноста

7 необични работи кои ги правите поради анксиозноста

Дали знаевте дека илјадници луѓе ширум светот страдаат од анксиозни нарушувања? Анксиозноста е природна реакција на нашето тело на стрес. Многу луѓе се чувствуваат вознемирени додека одат на интервју за работа, додека некои други може да доживеат анксиозност кога присуствуваат на некаков настан. Еве кои необични работи ги правите поради анксиозноста!

7 необични работи кои ги правите поради анксиозноста

1. Секогаш ги замислувате најлошите исходи

Кога имате анксиозност, имате тенденција да анализирате сè и да ја предвидувате најлошата можна иднина, дури и кога тоа е многу малку веројатно да се случи. Замислувате дека не успевате и почнувате да се плашите од неизвесната иднина. Вашите емоции излегуваат од контрола, па почнувате да паничите и да ги комплицирате работите во вашата глава.

2. Избегнувате дружење

Анксиозноста ве тера да се плашите од дружењата со другите бидејќи се плашите да бидете осудени. Иако можеби не сте интровертни по природа, откажувате планови и патувања и ги прескокнувате забавите.

3. Останувате заглавени во минатото

Кога имате анксиозност, постојано повторувате непријатни разговори од минатото во вашиот ум што ве спречува да бидете смирени и опуштени. Вашиот ум се навраќа на спомените од минатото што ве вознемируваат. Вашето срце се полни со вина и срам додека жалите за вашите минати постапки кои негативно влијаат на вашето ментално и емоционално здравје.

4. Секогаш се обвинувате себеси

Секогаш кога ќе се случи нешто лошо, мислите дека тоа е ваша вина. Се обвинувате себеси за исходи кои не се ваша вина и се чувствувате виновни без очигледна причина. Дури и кога сите знаат дека не сте одговорни за тоа, вие ги влошувате работите со покажување со прст кон себе.

5. Се споредувате со другите

Една од најлошите работи во врска со анксиозноста е интензивното чувство на несигурност поттикнато од постојаниот сомнеж во себе и комплексот на инфериорност. Бидејќи верувате дека никогаш не можете да бидете доволно добри, постојано се споредувате со другите. Верувате дека секогаш постои некој кој може да го направи тоа подобро од вас, а тоа ја намалува вашата самодоверба.

6. Се нервирате кога работите не одат според планот

Вашата вознемиреност ве спречува да сфатите дека не можете да го контролирате исходот од секоја ситуација. Така, кога одредени ситуации не одат според тоа како сте ги замислиле, почнува да ве фаќа паника. Стравот од неизвесност го исцрпува целиот оптимизам во вас и предизвикува лутина, разочарување, па дури и напади на паника.

7. Не успевате да размислувате логично

Вашата анксиозност ве тера премногу емотивно да се вложувате кога донесувате одлуки што ја нарушува вашата способност да размислувате логично. Не сте во состојба да ги анализирате опциите кои ви се на располагање и да ја изберете најдобрата поради вашата тенденција претерано да размислувате за најлошите можни исходи, па имате тешкотии да носите важни одлуки. Како резултат на тоа, страдаат вашата кариера и односите со другите.

Откако прочитавте за симптомите на анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 28 лаги анксиозноста нè тера да веруваме.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар