7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла

7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла

Некои луѓе уште веднаш знаат која е нивната крајна цел. Тие можат да ги искажат своите желби и соништа со зборови и бестрашно му кажуваат на светот дека еден ден ќе станат доктори или претседатели. Овие луѓе најчесто успеваат затоа што имаат план за својот живот и знаат како да го реализираат. Но, за повеќето луѓе ова не е толку едноставно. Животот е празен кога нема смисла. Смислата му дава значење на вашиот живот. Но, како да откриете која е вашата смисла? Одговорите на следниве неколку прашања ќе ви помогнат да ја откриете вашата животна смисла…

7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла

1. Што ве интересирало кога сте биле деца?

Игрите што сме ги играле како деца најчесто се основа на развојот на нашиот потенцијал кој излегува на виделина кога стануваме возрасни. Помислете на барбиките. Дали сте ги облекувале или сте правеле облека за нив? Помислете на вашите колички. Дали сте се тркале со нив или сте граделе целосен град со улици, куќи, дрвја, продавници и гаражи? Што сте играле со часови? Можете ли сѐ уште да се поврзете со тоа? Ако можете, размислете како би можеле да го вклучите тоа во вашиот моментален живот. Нашите таленти се скриени во детските интереси, во работите коишто природно ни оделе од рака. Вратете се назад во времето и ќе откриете неверојатни богатства.

2. Кога не би имале работа, како би го поминувале времето?

Кога не би имале работа и не би ви било дозволено да седите дома и ништо да не правите, како би си го исполниле времето? Каде би оделе и што би правеле? Да речеме дека ќе потрошите дел од времето за да се опуштите и вежбате, но што би правеле со остатокот од денот? Дали би го поминале денот активно истражувајќи го градот или би оделе во музеи и уметнички галерии? Дали би читале, волонтирале или пак би посетувале часови по нешто?

3. Што ви помага да заборавите на светот околу вас?

Дали има нешто што навистина многу сакате да го правите? Нешто што ви помага да изгубите осет за време? Ако некогаш сте биле толку многу вклучени во некоја активност, најверојатно го разбирате чувството што се јавува кога сте комплетно обземени правејќи нешто. Сите сме го доживеале тоа. За некои луѓе тоа е процесот на создавање, за други тоа е организирање настани, за трети тоа е грижењето за туѓите потреби. Кога сте целосно обземени, вие заборавате на времето, храната, пиењето и местото. Кога последен пат сте го доживеале ова?

7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла

4. За кои проблеми се грижите најмногу?

Дали постои некој проблем што навистина многу ве засега? Какви теми сакате да читате? Кои теми ги следите на вести, на кои проблеми постојано се навраќате? Какви веб-сајтови ве привлекуваат? За што разговарате со вашето семејство и пријатели? Дали некои проблеми ве вознемируваат толку многу што имате потреба да направите нешто во врска со нив?

5. Со кого го поминувате времето и за што разговарате?

Повеќето луѓе го поминуваат времето со луѓе кои ги споделуваат нивните интереси и погледи кон светот. Тоа може да ви открие нешто за вашата животна смисла. Дали го поминувате поголемиот дел од вашето слободно време со пријателите кои се занимаваат со велосипедизам или со оние кои уживаат во дружбата и алкохолот? Дали разговарате за вашата заедничка страст кон велосипедизмот или само пиете со пријателите во блискиот бар? Дали луѓето со кои го поминувате времето ви даваат знаци која е вашата вистинска страст? За што разговарате? Дали луѓето ви се обраќаат за совет? Зошто би барале луѓето совет од вас? Дали имате некакво специфично знаење? Како сте го стекнале тоа знаење? Одговорите на овие прашања би можеле да ви ги отворат очите.

6. Кои се желбите што сакате да ги остварите додека сте живи?

Што сакате да постигнете додека сте живи? Оваа вежба исто така може да ве просветли. Ако направите листа на работи што сакате да ги направите, тоа ќе ви помогне да сфатите што посакувате во животот и што никако не би сакале да пропуштите.

7. Кога би имале сон, дали би можеле да го остварите?

Сериозно размислете за ова прашање. Дури и да сте имале сон, но никогаш не сте се осмелиле да го остварите од некоја причина, сѐ уште можете да го земете предвид и да го претворите во нешто лесно остварливо. Помислете на многуте историски фигури кои ги претвориле своите најлуди соништа во реалност и земете ги за пример. Запрашајте се: Што ве спречува? За сѐ има помош. Не мора да знаете сѐ и не мора сѐ да правите сами. Можете да побарате помош за да си ги остварите соништата. Размислете. Вашиот сон и вашата животна смисла најверојатно се едно исто.

Сѐ уште не знаете од каде да почнете со потрагата? Прочитајте што е смислата на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар