7 навики на успешните и богати луѓе кои и вие можете да ги стекнете

7 навики на успешните и богати луѓе кои и вие можете да ги стекнете

Сите имаат некаква идеја како да успеат и да заработат доволно за финансиски комотен живот, но секој не успева во тоа. Авторот Том Корли истражува што е тоа што успешните ги издвојува од другите во својата книга „Навики на успешните – секојдневните навики за успех на најбогатите“ и од неа можеме да издвоиме седум особини кои сите тие ги имаат, а можете да ги имате и вие доколку поработите на тоа.

7 навики на успешните и богати луѓе кои и вие можете да ги стекнете

1. Упорни се

Упорноста не е нешто со кое човек се раѓа, туку начин на однесување кој може да се извежба и кој дефинитивно носи успех. Оние кои постигнале голем успех на професионален план, а со тоа стекнале и големо финансиско богатство, се упорни во сите сфери на животот. Тие постојано се обидуваат да успеат, без разлика колку е голема препреката пред нив. Корли открива дека многумина од нив се обидуваат да ги контролираат своите емоции и мисли или да читаат секој ден по 30 минути нешто кое ги проширува нивните видици. И многу се упорни во сето тоа.

2. Поставуваат достижни цели

Корли истакнува дека сите луѓе кои биле дел од неговото истражување си поставувале достижни цели на својот пат. Вели дека тие имаат определен сон кој сакаат да го исполнат и поставуваат цели поврзани околу него. Така, исполнувајќи цел по цел, малку по малку, стигнуваат и до сонот.

7 навики на успешните и богати луѓе кои и вие можете да ги стекнете

3. Имаат ментор

Дури 93% од неговите испитаници имале некого со кого можеле да разговараат за потезите во кариерата. Тоа не мора да биде некој во истото поле како вас, доволно е само да има интерес за она што го работите и да може да ве советува. Менторот треба да ве советува за да не ги направите истите големи грешки кои тие ги направиле, да ве инспирира и да ве мотивира да продолжите по вашиот пат. Ако не можете да најдете некој таков во вашето опкружување, пронајдете некој кого не го познавате и читајте ги неговите книги и следете ги неговите чекори.

4. Позитивни се

Ако внимателно се погледнат резултатите од книгата на Корли, можеме да заклучиме дека успехот и позитивниот став кон животот одат рака под рака. Над 90% од нив избегнувале да озборуваат и верувале дека секој има можност да направи што било. Кај посиромашните ситуацијата била сосема обратна.

7 навики на успешните и богати луѓе кои и вие можете да ги стекнете

5. Не престануваат да се образуваат

Како што спомнавме, тие читаат по триесетина минути дневно со цел да знаат повеќе од она што го знаеле вчера. Читаат барем по две книги месечно поради истата причина. Нивниот најчест избор се биографии на познати инспиративни личности, книги за самопомош, книги од областа на нивната кариера итн. Подоцна тие сето тоа го применувале во реалниот живот и тоа носело успех.

6. Го следат својот прогрес

Корли открил дека овие луѓе биле опседнати со следењето на повеќе аспекти од нивниот живот. Две третини од нив имале листи со работи кои морале да ги направат, детално ги следеле своите банкарски сметки, а многумина ги броеле и калориите кои ги внесуваат. Секој од нив бил организиран до максимум со цел да го оствари својот сон за успех.

7. Се опкружуваат со други луѓе кои сакаат успех

Успешните и богати луѓе бараат пријатели со истиот ментален склоп како нив. Затоа се многу пребирливи кога станува збор за пријателствата. Кога ќе запознаат некој таков тие внесуваат огромни количини енергија во градењето на врските со нив. Разменуваат совети, дискутираат или едноставно се дружат, но постојано наоѓаат начин да ги негуваат ваквите пријателства и добиваат поддржувач во потерата по своите соништа, онака како што и тие подржуваат некој друг ист како нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар