7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност - Part 2

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност

4. Напијте се чаша вино

Во едно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Илиноис во Чикаго, учесниците чие ниво на алкохол во крвта изнесувало 0,075 промили, подобро ги решавале креативните проблеми за разлика од трезните испитаници. Тоа е така затоа што умерената количина на алкохол ги опушта луѓето и им помага да најдат врска помеѓу идеите што навидум не се поврзани. На здравје!

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност

5. Одете во кафуле

Некои неодамнешни истражувања откриле дека луѓето се најкреативни кога има умерено ниво на бучава во позадина, односно околу 70 децибели како во кафуле. Тоа е така затоа што звуците по малку го одвлекуваат вниманието, а тоа ги охрабрува луѓето повеќе да размислуваат и да си ги прошират хоризонтите. Потивката средина, околу 50 децибели како во канцеларија, е подобра за проекти кои бараат голема концентрација.

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност

6. Направете мали измени во појадокот

Дали секогаш прво ставате житарици во чинијата, па потоа млеко? Обидете се да го смените редоследот. Или напијте се шолја чај наместо кафе. Кога холандските истражувачи побарале од група испитаници да си направат сендвич за појадок каков што вообичаено си правеле, а на друга група им кажале да го направат сендвичот на понеобичен начин (да ги стават сите производи на чинија, да стават путер на лепчето и потоа да го стават лебот со намачканата страна на чинијата), втората група остварила подобри резултати на тестот за когнитивна флексибилност. Поентата била да се извлече мозокот од секојдневните навики и да се принуди на поинаков начин на размислување што може да поттикне раѓање нови идеи.

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност

7. Медитирајте

Медитацијата може да го поттикне вашето дивергентно размислување (начин на размислување што произведува нови идеи). Научниците сметаат дека тоа е така затоа што медитацијата може да го зголеми позитивното расположение што доведува до зголемена креативност. Освен тоа, некои истражувања откриле дека активностите како медитација и јога ја поттикнуваат креативноста кај интровертите, бидејќи ги опушта и им го ослободува умот. Фасцинантни откритија!

7 научно докажани трикови што ќе ви помогнат да ја зголемите вашата креативност

Погледнете ги и следниве 6 ефективни начини да го тренирате вашиот креативен ум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар