7 најпредизвикувачки појадоци во светот
Не секаде во светот се јаде ѓеврек и јогурт за појадок. Всушност, во голем дел традиции, појадокот е важен оброк и поради тоа му се посветува и многу внимание, почнувајќи од самата подготовка, па сè до начинот на кој се послужува. Но, има и такви кои имаат доста поинакви навики и традиции од оние на кои сме научени, а дел од нив се предизвик дури и за најголемите гурмани. Ова се таквите појадоци:
1. Хеџанг-гук, Кореја
Во превод, името на оваа супа значи „супа против мамурлак“, но не дозволувајте тоа да ве излаже дека ќе ви ја разбистри главата. Луѓето кои не живеат на корејскиот полуостров ја нарачуваат за своите пријатели за да се пошегуваат со нив. Подготвена е од телешко месо, зачинета зелка и крв од вол. Оние кои ја пробале велат дека е навистина вкусна, но самото сознание за крвта како состојка ја отстранува од листата на храна против мамурлак.
2. Хуитлакоче, Мексико
Додека едни веднаш би ја фрлиле мувлосаната пченка, луѓето во Мексико нашле начин да ја искористат токму мувлата што се создава врз пченката. Ја додаваат во омлети, во тако, во салати… Иако идејата за јадење мувла не е многу популарна, храбрите кои го пробале овој додаток во исхраната, велат дека е навистина вкусно.
3. Намаз вегемајт, Австралија
Луѓето во Австралија се воодушевени од овој црн и густ намаз направен екстракт од квасец, со додатоци на зеленчук и адитиви. Вегемајт кај нив е слично како маргаринот и путерот кај нас, задолжителен дел од секој сендвич или тост и најчесто се јаде за појадок. Често и рестораните го служат, како фенси декорација на чиниите.
4. Јајца стари еден век, Кина
Секако, во овој случај не се мисли буквално на еден век, туку на начинот на кој се подготвуваат најобични јајца од кокошка, за да бидат послужени како омилен оброк за појадок. Тие се конзервираат со пепел, сол и лимонтуз и се чека да станат црни. Со самата хемиска реакција се менува и вкусот, па затоа не се секојдневен избор на храбрите туристи.
5. Нато, Јапонија
Зрна од соја се оставаат да ферментираат во специјални услови, при што создаваат лигава и леплива материја околу себе. Може да се јадат само зачинети, а може и да се додадат во омлет, супа или ризото.
6. Германски ролнички
Популарен лек за мамурлак во Германија, кој сепак, не е за сечиј стомак. Се подготвува од филети конзервирана харинга, завиткани околу кисела краставичка. Според Германците, оваа комбинација ги содржи сите потребни утрински материи за организмот да може правилно да функционира и во текот на денот.
7. Целосен ирски појадок, Ирска
Пржени јајца, пржени печурки, грав, пржен домат, помфрит, пржени колбаси и сланина, крвав колбас… За некои премногу калорично и преполно со масти, за други вистинско уживање. Сè зависи само од перцепцијата и секако, од домашната кујна на која туристот е навикнат.
Прочитајте и како изгледа појадокот на најздравите луѓе во светот.