7 најголеми митови за мајчинството кои сите жени би требало да ги игнорираат

7 најголеми митови за мајчинството кои сите жени би требало да ги игнорираат

Секоја мајка сака да биде совршена, но совршенството не постои и тоа е сосема во ред. Одгледувањето на децата воопшто не е лесна работа, а секоја мајка се обидува да даде сѐ од себе и тоа е најважно. Ви откриваме 7 митови за мајчинството на кои треба веднаш да заборавите.

1-7-najgolemi-mitovi-za-majinstvoto-koi-site-eni-bi-trebalo-da-gi-ignoriraat-www.kafepauza.mk_

1. Добрата мајка никогаш не е лута на своите деца

Кога детето ќе направи нешто лошо, сосема е човечки мајката да се налути во таквата ситуација. Лутењето најчесто произлегува од чувството на загриженост што е сосема нормално.

2. Децата на добрите мајки никогаш не плачат

Уште едно нереално очекување. Секако дека децата плачат и тоа по неколку пати на ден, дури и кога баш ништо не им недостига.

3. Добрата мајка се става себеси на последното место

Токму спротивното. Секако дека децата и семејството се на првото место, но тоа не значи дека мајката треба да се наоѓа на последното. Важно е мајката да искористи некое време само за себе и да води грижа за себе.

4. Добрата мајка пронаоѓа радост во секој момент

Ова е навистина невозможно, бидејќи ниту една личност не е така „програмирана“. Постои цел спектар на чувства низ кој минуваме во текот на денот и секоја минута едноставно не може да биде иста.

5. Децата на добрите мајки никогаш не се болни

Секое дете кога-тогаш се разболува. Тоа е неизбежно и нешто сосема нормално со коешто секоја мајка се соочува.

6. Добрата мајка секогаш знае што сакаат нејзините деца

Постојат различни видови детско плачење и однесување што мајката може да ги препознае, но не е возможно таа во секој момент да претпоставува што точно сака нејзиното дете.

7. Добрата мајка е секогаш совршено организирана

Да очекувате совршена организација и планирање е навистина нереално, бидејќи непредвидливите ситуации се составен дел од нашето секојдневие. Заради тоа не можеме секогаш да имаме сѐ под контрола.

Доколку за прв пат ја играте улогата на мајка, ви предлагаме да погледнете за кои работи новите мајки не треба да се грижат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар