7 најефикасни методи за третирање на плускавци

7 најефикасни методи за третирање на плускавци

Новите чевли и сандалите често предизвикуваат плускавци кои не само што можат да ви причинат болка и непријатност во наредните неколку дена, туку може и да ви упропастат некој од најважните настани во вашиот живот. Третирајте ги ефикасно со некои од овие природни ублажувачи на болката со антивоспалителни и лековити својства.

7-najefikasni-metodi-za-tretiranje-na-pluskavci-kafepauza.mk

1. Алое вера

Иако во денешно време можат да се најдат многу производи кои содржат екстракти од алое вера, најдобро е да се користи живата билка. Изгмечете лист од алое вера и од сокот намачкајте врз плускавецот. Болката би требало бргу да ја снема.

2. Кантарион

Маслото од кантарион е познато по своите антивоспалителни својства. Тоа ќе го смири воспаленото место и ќе поттикне побрзо зараснување на ткивото.

3. Кисел трн

Доколку дошло до инфекција на меурчето, најефикасно би било да посегнете по кисел трн. Сокот од оваа билка се става во многу мала количина, точно на плускавецот.

4. Кромид

Кромидот има антибактериско својство. Може да се користи за да се лекува убод од инсект или плускавец. Добро распоредете половина главица кромид врз местото или пак преврзете парче кромид и оставете да делува преку ноќ.

5. Лук

Ова е здрава намирница која помага во борбата со брадавиците и плускавците. Едноставно протривајте лук на местото 3-4 пати на ден, сѐ додека потполно не зарасне.

6. Мелем и вазелин

Ако после целодневно пешачење ви се појавиле плускавци на стапалата, едноставно намачкајте ги со некоја од овие две состојки кои ја смируваат кожата и помагаат во процесот на залечување.

7. Чуварот на куќата

Свежиот сок од месестите листови на ова растение, зимзелена билка кои многумина ја садат во дворовите како украс, содржи антибактериски својства заради кои е ефикасна во лекувањето на плускавците.

Маст за ублажување на болките и залечувањето на раните од плускавци можете да направите сами:

  • Сомелете 2-3 листа чуваркуќа и ставете ги на газа за да го исцедите сокот.
  • Помешајте го со еднаква количина бадемово масло и ставете на плускавецот да делува барем неколку минути.
  • Залепете фластер и истата постапка повторувајте ја 3 ноќи по ред.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар