7 најчести грешки заради кои вашите омилени колачи не успеваат

7 најчести грешки заради кои вашите омилени колачи не успеваат

Проблемот кој бројни почетници во кујната ги доведува до откажување од подготовката на колачи е нивниот лош резултат. Всушност често се случува иако го следите рецептот во целост, од чекор до чекор, после печењето резултатот воопшто да не е задоволувачки, туку целосна катастрофа. Ви ги откриваме најчестите грешки заради кои вашите колачи не успеваат.

1-7-najchesto-greshki-zaradi-koi-vashite-vkusni-kolachite-ne-uspevaat-www.kafepauza.mk_

1. Наместо прашок за печиво користите сода бикарбона и обратно

Прашокот за печиво е направен од сода бикарбона, но нивната структура и текстура е сосема различна како и ефектот кои го имаат во одредени рецепти. Сода бикарбоната само реагира и произведува јаглерод диоксид кога ќе се помеша со кисели состојки како што се чоколадо, јогурт, кисело млеко или оцет. Прашокот за печиво пак, произведува јаглерод диоксид кога ќе се помеша со вода.

2. Избегнувате да ги сеете сувите состојки

Во бројни рецепти е нагласено дека сувите состојки треба да се пресеат пред да се додадат во смесата, но многумина го прескокнуваат овој чекор. Овој чекор е важен, бидејќи со сеење на брашното ги отстранувате можните грутки во тестото, додека сеењето на прашокот за печиво спречува на површината на колачот да се создадат дупчиња.

3. Ја отворате вратата од рерната за време на печењето

Со отворањето на вратата од рерната доаѓа до испуштање на топлината надвор кој предизвикува пропаст на колачите. Тоа се случува, бидејќи смесата во средината останува свежа и потребно ѝ е точното назначено време за целата да се претвори во посакуваната текстура. Со испуштањето на топлината доаѓа до испуштање на топлиот воздух од смесата и таа паѓа. Ова правило посебно се однесува на колачите и бисквитите без брашно.

4. Предолго го мешате тестото

Во последно време сѐ повеќе се користат автоматизирани мешалки чии опции треба да ги совладате пред да се впуштите во нивното користење. Всушност, премногу измесеното тесто ќе создаде меурчиња воздух кои после печењето само ќе сплеснат. Запомнете го правилото дека шеќерот и путерот трпат силно мешање додека другите состојки може да се мешаат и рачно.

2-7-najchesto-greshki-zaradi-koi-vashite-vkusni-kolachite-ne-uspevaat-www.kafepauza.mk_

5. Заборавате да го протресете калапот со тесто

Посебно назначено во скоро секој рецепт е советот дека откако ќе го излиете тестото во калапот, потоа да го протресете, но многумина го избегнуваат овој чекор, а како резултат добиваат колач со крива површина. Овој совет е важен, бидејќи со тресење на тестото, особено на она кое е дебело и лепливо, ги уништувате меурчињата воздух што предизвикуваат колачот да спласне и да остане со дупка во средината.

6. Нагло ги додавате белките во смесата што ја мешате

Уште една грешка која многумина ја прават за што побрзо да завршат со подготовката на колачот е наглото додавање на изматените белки во смесата. Всушност, на овој начин белките стануваат воденести, ја губат пенестата структура поради што тестото после печењето во средината останува влажно и свежо. Белките треба да ги додавате во смесата со помош на лажица, малку по малку на самиот почеток и потоа нежно да го измешате остатокот.

7. Премногу долго ги оставате жолчките и шеќерот без мешање

Бројни рецепти, особено за торти започнуваат со првиот чекот каде што треба да се измешаат жолчките со шеќерот, но навидум лесниот потфат уште во стартот може да предизвика лоша текстура на колачот. Односно, шеќерот се врзува за жолчките и се создаваат кристали кои се тешки за мешање и за претворање во мазна структура, а освен тоа и сите наредни состојки тешко се врзуваат во хомогена смеса.

Сите ние барем еднаш сме се обиделе да готвиме, а овие жени ги признаа најсмешните грешки кои ги направиле во кујна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар