7 начини за справување со лошата навика да грицкате нокти
Компулсивното грицкање нокти е многу почесто отколку што мислите, а сите оние кои се „навлечени“ на оваа лоша навика многу добро знаат дека е претерано тешко да се одвикнат. Без разлика на причината поради која вие го правите ова, мора да најдете начин како конечно да се справите со вашиот проблем.
Грицкањето нокти може да биде навистина штетно по вашето здравје, така што придонесува за деформација на ноктите, воспаление на кожата, проблеми со забите, потешкотии со желудникот па дури и вирусни инфекции. Доколку сакате конечно да престанете со оваа лоша навика, погледнете ги наредниве едноставни рецепти и пронајдете го оној кој вам најмногу ви одговара. Со среќа!
- Два пати дневно потопувајте ги прстите во масло (маслиново, сончогледово, рибино…)
- Намачкајте ги ноктите со лут сос
- Протријте ги прстите со лута пиперка
- Потопете ги прстите во оцет (околу 5 минути)
- Потопете ги прстите во сок од лимон (околу 5 минути)
- Протријте ги прстите со каранфил или лук
- Додека сте дома, замотајте ги ноктите со фластер или леплива трака
Важни напомени:
- Маслата се одлични за нега на кожата околу ноктите, но и за самите нокти. Доколку сакате да го зголемите нивниот ефект, додајте го и лутиот сос или лута пиперка во прав со цел нивниот вкус да ви биде тотално неподнослив.
- Не заборавајте дека откако ќе ги нанесете лутите или киселите додатоци, не смеете да ги допирате очите и мора да бидете многу внимателни покрај деца и домашни миленици.
- Ноктите одржувајте ги уредни и кратки, без неправилни рабови кои би можеле да ве натераат да ги гризнете.
- Секогаш чувајте во фрижидер свежи моркови, целер, па дури и мраз за кога ќе почувствувате потреба за грицкање, наместо на ноктите да се насочите кон овие тврди намирници.
- Ако кожата околу ноктите ви е оштетена, избегнувајте ги лутите и киселите препарати за да не ја иритирате дополнително кожата. Во овој случај, најдобро е да ја одберете можноста со маслата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.