7 начини на кои смартфоните ве прават мрзливи

7 начини на кои смартфоните ве прават мрзливи

Смартфоните без сомнение нудат голема корист. Но, бидејќи тие нудат толку многу опции и помош, луѓето сѐ повеќе се потпираат на нив, „заборавајќи“ да го користат својот мозок и дозволувајќи им да мислат наместо нив. Токму поради тоа, тие стануваат мрзливи, а еве и на кои начини се одразува ова.

7 начини на кои паметните телефони ве прават мрзливи

1. Технологијата GPS ја намалува способноста за паметење

Неврологот Вероник Бохбот заедно со своите колеги направиле една студија, која покажала дека GPS го намалува хипокампусот, односно делот од мозокот кој помни работи. Ова има смисла, затоа што ако секогаш имате уред кој ќе ви кажува каде да одите, вие ретко ќе добивате шанса за да развивате „чувство“ за снаоѓање во просторот.

2. Ја уништуваат способноста за посветување на повеќе задачи одеднаш

Со една студија било откриено дека оние кои истовремено гледаат телевизија, сурфаат на Интернет и бараат корисни податоци на нивниот мобилен телефон, биле помалку способни да се фокусираат на една задача, отколку просечната личност.

3. Што да правите следно?

На пример, замислете дека одеднаш вашиот телефон ви паднал во тоалетната шолја. Каква ќе биде вашата прва реакција? Секако, да го извадите. Но, потоа што? Ќе се обидете повторно да го користите? Погрешно! Ова е чиста мрзливост. Постојат големи шанси дека ако ова не ви се случило порано, никогаш не сте се потрудиле да дознаете како треба да постапите. Ова важи за многу ситуации низ животот, што без достапноста на информациите што ја нуди смартфонот, не би знаеле како да се справите.

4. Тие ги прават работите наместо вас

Луѓето измислиле апликации и тие извршуваат многу работи наместо вас. Така, постојат апликации со чијашто помош можете да пронајдете партнери за состанување, да извршувате плаќања и слично. Секако дека тие многу им помагаат на луѓето ширум светот, но со нив сите стануваат премногу мрзливи и токму тоа е лудоста на дигиталната ера.

7 начини на кои паметните телефони ве прават мрзливи

5. Тие нудат премногу опции за пребарување

Со тоа што им се нуди на луѓето можност за пронаоѓање одговор на одредено прашање на Интернет, тие стануваат многу мрзливи за да мислат. На пример, за кое било прашање, секогаш повеќето посегнуваат по Гугл, наместо најпрво да се обидат да размислат самите. Така, една студија покажала дека оние кои постојано и за сѐ се потпираат на нивниот паметен телефон, имале пониски резултати на одредени тестови за способност.

6. Го намалуваат инстинктот

Паметните телефони ги уништуваат инстинктите на луѓето кои се зависни од нив и кои проверуваат дали имаат некое ново известување на секои 10 минути. Нема нови пораки, пропуштени повици или известувања од социјалните мрежи, но вие повторно продолжувате да проверувате. Можеби е време малку да се оддалечите од вашиот паметен телефон, затоа што, и покрај тоа што тој е ваш пријател, вие можете да развиете зависност ако го користите кога не ви е потребен.

7. И децата се жртви на смартфоните

За жал, не само возрасните, туку и децата се жртви на смартфоните. Сигурно и вие ќе признаете дека често можете да забележите деца кои дури и на училиште ги носат ваквите уреди. Но, воопшто не е добро тоа што тие уште од мали нозе им се посветуваат на паметните телефони и стануваат зависни од нив, особено од социјалните мрежи, бидејќи на некој начин тоа влијае на емотивниот развој на децата, така што ја ограничуваат интеракцијата лице в лице. Многу деца уште од најмала возраст учат да ракуваат со смартфоните, при што стануваат зависни од видео игрите и останатите апликации без кои не може да им помине ниту еден ден. Така, наместо да прават други корисни работи наменети за децата, тие седат пред екранот, водени од технологијата.

Иако не може да се занемарат предностите и користите кои ги нудат смартфоните, сепак, луѓето треба да размислат за тоа колку и како ги користат, затоа што во спротивно, иднината на нашите деца може да биде загрозена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар