7 начини да станете активен слушател со помош на класична музика

7 начини да станете активен слушател со помош на класична музика

Музиката е присутна во речиси секоја активност во нашите секојдневни животи. Без разлика дали сте во лифт или чекате на каса, голема е веројатноста во позадина да слушате музика. Но, запрашајте се дали навистина ја слушате музиката. Најверојатно одговорот е не.

7 начини да станете активен слушател со помош на класична музика

За многумина, намерното слушање и посветување внимание на музиката може да има многу придобивки во многу делови од животот. Кога луѓето навистина почнуваат да ја слушаат музиката, особено класичната, тие стануваат подобри слушатели и подобро комуницираат во врските, работните места и слично. Придобивките од намерното слушање музика се речиси безброј.

Многу луѓе сметаат дека им е потребен посебен тренинг за да ја разберат класичната музика. Ова можеби е точно. Додека не можат сите да бидат виртуози на инструментот, секој може да стане виртуоз во слушање класична музика.

1. Направете одлука

Првиот чекор во активното слушање е да си го поставите прашањето: „Што навистина слушам?“ Иако звучи навистина очигледно, всушност треба да донесете одлука. Потребно е да се одлучите дали ќе одберете мултитаскинг или целото ваше внимание ќе ѝ го посветите на музиката.

2. Поминувајте време сами

Ова можеби звучи асоцијално, но кога голем број луѓе се на концерт за класична музика, секој од нив е во сопствен свет. Секој човек ги впива звуците околу него и си има свои приватни реакции. Па воопшто не треба да ви е проблем да седите сами дома со слушалки во ушите.

3. Користете Јутјуб

Денес нема потреба да пребарувате плочи или дискови без да знаете што да купите. На Јутјуб можете да ја најдете целата историја на класична музика, и сето тоа бесплатно.

4. Држете се до победниците

Сигурно се прашувате од каде да почнете доколку не сте запознаени со класичната музика. Ова се 8 одлични опции за почетници:

  • Моцарт – Overture to the Marriage of Figaro
  • Бах – Brandenburg Concerto No. 4, Movement III
  • Моцарт – Piano Concerto No. 21, Movement II
  • Брамс – Symphony No. 4, Movement III
  • Фауре – Pavane (оркестарска верзија)
  • Бетовен – Symphony No. 5, Movement I
  • Рахманинов – Piano concerto No. 2, Movement II
  • Равел – Daphnis et Chloe – Suite No. 2

5. Најдете го вашиот фокус

Кога ќе одлучите да почнете со слушање, најверојатно ќе се запрашате на што да се фокусирате. Обрнете внимание на ритамот, мелодиите, хармониите, контрастот на јачина, разните звуци на сите инструменти. Забележете ги промените и сличностите. Дали се повторуваат некои мелодии? Дали се повторуваат идентично или малку изменето? Кои се другите промени што ги забележавте?

6. Задржете го фокусот

Сосема нормално е вашиот ум да одлета додека се обидувате целосно да се фокусирате на музиката. Кога ќе се случи ова, едноставно вратете го вниманието кон музиката и почнете да ги забележувате мелодијата и инструментите. Уживајте во контрастите на јачина и нежност додека се случуваат. Штом ќе го насочите вниманието на музиката, вашиот внатрешен монолог брзо ќе исчезне.

7. Побарајте помош

Сè уште се прашувате што да слушате? Побарајте пријатели кои слушаат класична музика и прашајте ги за совет. Ако не можете да најдете таква личност, секогаш можете да го употребите Интернетот и бројните видеа на Јутјуб.

Доколку сакате да работите со музика, дознајте кои видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар