7 начини да привлечете позитивна карма во вашиот живот
Кармата ја претставува енергијата која ја испраќаме кон универзумот и која ни се враќа. Секоја акција има некаква карма, а ние не можеме секогаш да контролираме што правиме. Затоа најдобро е да бидеме свесни за своите постапки за да ги избегнеме негативните последици. Овие 7 совети ќе ви помогнат да ја привлечете добрата карма во вашиот живот.
1. Фокусирајте се на животната цел
Ова е еден од најдобрите начини. Кога сте фокусирани на вашите животни цели, работите кои ви го одвлекуваат вниманието немаат многу голем ефект на вас. Колку повеќе сте фокусирани, толку ви се поголеми шансите за успех. Но, одвреме-навреме потребно е да одморите. Ова ќе ви овозможи да дишете и да бидете покреативни штом ќе се вратите на патот кон целта. Веројатно ќе има и неколку неуспеси по пат, но тие најчесто се овде за да ве натераат правилно да ги направите работите. Не заборавајте дека секоја грешка е некоја лекција.
2. Поврзете се со светот во вас и околу вас
Кога ќе се поврзете со светот вие ќе бидете посвесни за работите кои се случуваат во овој момент. Талкањето низ минатото или иднината може да ви одземе многу скапоцено време. Додека фокусирањето на вашата цел ќе ве однесе кон успешна иднина, живеењето во сегашниот момент ќе ви помогне да го остварите вашиот вистински потенцијал.
3. Преземете одговорност
Преземањето одговорност е еден од знаците на зрелост, и може да привлече добра карма. Постојат периоди кога грешките се неизбежни. Вие сè уште растете, па грешењето е дел од тоа. Кога ќе преземете одговорност за вашите грешки, вие ја правите вистинската работа. Кога ќе признаете дека некоја грешка е ваша, ќе ви биде многу полесно да ја исправите и да продолжите понатаму.
4. Научете да се смеете на своја сметка
Кога ќе научите да се шегувате на своја сметка поради малите грешки, многу полесно ќе ги прифаќате критиките од другите. Ако добивате негативни коментари од некој друг, немојте да ги сфаќате премногу сериозно. Наместо тоа, научете се да се насмеете и да прифатите некоја шега. Ова ќе ви го направи патувањето позабавно.
5. Бидете трпеливи со себе и со светот
Трпеливоста и толеранцијата ќе ви помогнат да ја привлечете добрата карма бидејќи нема сè да оди по вашиот план. Кога трпеливо ќе чекате, ќе знаете што доаѓа следно.
6. Правете мали добри дела
Правете мали добри дела за другите, но и за себе. Кога сте добри кон себе, другите го чувствуваат тоа. Да се сакате себеси е првиот чекор кон сакање некој друг. Да бидете добри кон себе значи да ги правите работите кои ве прават среќни. Колку подобри сте со себе, толку подобри ќе бидете и со другите.
7. Бидете отворени кон промени
Кога ја дизајнираме иднината според нашите планови, промените стануваат тешки за прифаќање. Ние не сме навикнати на промена, и таа ни е непозната територија. Кога ќе ја прифатите промената, вие привлекувате добра карма бидејќи го отворате вашиот ум кон нови можности и идеи.
Оваа кратка приказна ќе ве научи како да владеете со вашата карма.