7 начини да му помогнете на премногу чувствителното дете да биде успешно на училиште

7 начини да му помогнете на премногу чувствителното дете да биде успешно на училиште

Премногу чувствителните деца често можат да се соочат со проблеми на училиште. Тие посилно ги чувствуваат емоциите за разлика од другите деца, а понекогаш ова претставува проблем, особено доколку не се разбрани. Училиштето е нова и непозната средина, а овие деца често се плашат од непознатото. Со цел вашето дете да не изостане зад другите поради неговата чувствителност, важно е да му помогнете. Овие 7 совети ќе ви помогнат во тоа.

7 начини да му помогнете на премногу чувствителното дете да биде успешно на училиште

1. Постапувајте правилно уште од почетокот

Големата чувствителност ретко е разбрана во училиштата и покрај тоа што 20% од децата можат да се стават во оваа категорија. Ако вашето дете само што започнало да оди на училиште, имате совршена можност да постапите правилно уште на почетокот. Најдобро е да разговарате со наставниците за оваа одлика на вашето дете за да знаат како да се справат со него.

2. Образувајте ги наставниците

Наставникот треба да ја разбере чувствителноста на вашето дете и да му помогне. На многу чувствителни деца им е потребна личност на којашто можат да ѝ веруваат за да постигнат некаков напредок. Овие деца се свесни кога наставникот не ги третира фер. Често ќе бидат исплашени од наставникот кој премногу вика за време на часот и можно е дури и да престанат да разговараат со него.

Доколку не можете да се справите со однесувањето на наставникот и ако не покажува разбирање, секогаш можете да го преместите вашето дете. Доколку луѓето кои поминуваат најмногу време со вашето дете не се грижат за неговите потреби, училиштето може да стане проблем за него.

3. Испланирајте добар почеток

  • Проценете што му е потребно на вашето дете пред да го запишете во ново училиште или одделение.
  • Непознатата околина често е застрашувачка за чувствителните деца, па добро ќе биде да го запознаете со наставникот и училницата пред почетокот на часовите. Ова ќе направи голема разлика.
  • Направете албум со фотографии од училиштето за вашето дете да се навикне на таа околина пред да почне да оди на училиште.
  • Замолете го наставникот да ви каже како поминал првиот ден.
  • Разговарајте дали можете да останете со вашето дете додека да се навикне и да почне да чувствува поголема самодоверба.

Ако првите денови од училиштето се полни со позитивни искуства, ова ќе биде од голема помош.

4. Залагајте се за вашето дете

Ќе треба одново и одново да истапувате за вашето дете. Ако детето се врати расплакано или нервозно, разговарајте со наставникот за тој ден. Ако детето ја поминува вечерта плачејќи, повторно консултирајте се со наставникот. Потребно е да се залагате за вашето чувствително дете, дури и кога се чувствувате неудобно.

5. Одржете ја комуникацијата со наставникот

Постојано бидете во контакт со наставникот на вашето дете. Доколку неговиот ден на училиште бил ужасен, обидете се да најдете решение на тој проблем. Исто така важно е да разговарате и со вашето дете за и тоа да ви каже како му поминал денот. Прашајте го кој дел му бил најубав, кој најлош и дали некој настан му предизвикал какви било емоции.

6. Верувајте му на вашиот инстинкт

Како родители, вие го познавате вашето дете најдобро. Ако сметате дека нешто не е во ред, голема е веројатноста да сте во право. Не се потпирајте само на наставникот бидејќи тој е одговорен за цела училница и не може постојано да следи што се случува со сите ученици. Верувајте му на вашиот инстинкт и делувајте според него.

7. Препознајте кога е време да ставите крај

Немојте да се чувствувате поразено доколку вашето чувствително дете не покажува никаков успех во неговото училиште. Секогаш постојат други опции и иако чувствителните деца не сакаат промени, ќе се изненадите колку добро ќе се чувствува доколку го преместите во попријатна околна. Чувствителните деца многу посилно ги чувствуваат емоциите за разлика од другите и знаат што е погрешно, а што не. Најмногу успеваат на места каде што се чувствуваат како дома.

Дали знаете што се случува кога му викате на вашето дете?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар