7 морничави кожни болести за коишто веројатно немате никогаш слушнато
Кожата е најголемиот и поради многу причини, еден од најубавите органи на нашето тело. Интересен е фактот дека од мртвите кожни клетки, е сочинета 2/3 од прашината во нашите домови. Воедно, кожата претставува извор на задоволство, бидејќи е способна да „слушне“, „помириса“ и „почувствува“, но воедно може да биде и место за размножување на грозни болести и необични кожни состојби. Со цел да препознаете некоја кожна состојба кај себе или да му помогнете на некој друг да ја открие, прочитајте дел од помалку познатите болести за коишто ретко се зборува.
1. Манична дерматозуноза
Ова е психо-дерматолошка состојба, во којашто личноста којашто што ја има, страда од замислен напад од паразити. Дерматозуноза, во суштина ја означува секоја кожна болест, предизвикана од животински паразит. Потекнува од грчките зборови derma (кожа), zoon (животно) и nosos (болест).
Во својата книга „Haut nah: Alles über unser größtes Organ“ (Кожата одблизу: Сè во врска со нашиот најголем орган) дерматологот Јаел Адлер, опишува еден случај во кој пациентка дошла да ѝ се жали од екстремна потреба за чешање. Таа испробала многу различни третмани како што се хормонска терапија, антипаразитик и креми за нега на кожа, но ништо не ѝ помогнало. На докторката ѝ донела мали шишенца со трошки и инсекти коишто ги нашла во креветот и на нејзиното тело. Била убедена дека чешањето е предизвикано од овие ужасни нешта. Сепак, произлегло дека тие „ужасни инсекти“ се само ситни парченца сочинети од кожа, клетки и нечисти честички.
2. Периорален дерматитис
Оваа кожна болест е позната и под името „болеста на стјуардесите“. Накратко кажано, таа е предизвикана од прекумерно навлажнување и отекување на порите, како резултат на прекумерно користење шминка. Не е тајна, дека стјуардесите користат многу шминка и креми за навлажнување, за да ја заштитат кожата од сувиот воздух на којшто се изложени во авионите. Друга причина, може да биде употребата на креми коишто содржат кортикостероиди. Оваа болест се манифестира преку мали акни коишто се полни со течност (а не себум) и чешаат. Се појавуваат околу устата, брадата, очните капаци и назолабијалната брчка.
Оваа медицинска состојба во последно време е сè почеста и полесно се забележува, благодарение на HD телевизијата со висока дефиниција. Модерната технологија ја прикажува секоја пора, брчка и влакненце, па луѓето коишто работат во телевизиската продукција ги покриваат нивните лица со секакви видови козметики, коишто содржат големи количества силиконски масла, што ги запушуваат порите и предизвикуваат појава на вакви брунки. Така болеста застапена кај стјуардесите, се прошири и кај филмските ѕвезди и ТВ-водителите.
3. Хиперхидроза (прекумерно потење)
Ова е состојба во којашто личноста екстремно се поти по целото тело или на одредени делови од телото. Доколку забележите дека премногу се потите во текот на ноќта и се будите со мокри пижами, многу е важно да појдете на лекарски преглед. Причини за појава на хиперхидрозата може да бидат проблеми со тироидната жлезда, дијабетес, рак, некој инфламаторен процес или инфекции.
Кога некој личност се поти премногу, нејзиниот заштитен кожен слој е постојано хипервлажен, што од своја страна создава совршена основа за развој на бактерии. Свежата пот нема мирис, таа почнува да мириса лошо откако бактериите ќе развијат вирусна инфекција.
Првиот третман којшто докторите ќе ви го препорачуваат ако страдате од хиперхидроза, е употребата на антиперспиранти што содржат алуминиум хлорид, којшто го намалуваат лачењето на потните жлезди. Како и да е, доколку потењето е ексцесивно, антиперспирантите може да имаат и контраефект, па пациентите може да пробаат користење природен кристал на местата каде што се потат или пак да направат третман со ботокс, кој привремено го спречува потењето.
4. Еритрофобија
Црвеењето на лицето е нормална реакција на нашите тела. Тоа може да биде предизвикано од многу нешта како на пример вежбање, висока температура, доживување оргазам, пиење алкохол или пиење некои лекарства. Кога на некоја личност ненадејно ќе ѝ се зацрвенат образите, тоа се смета за вообичаено руменеење, но кога е предизвикано од психолошки причини, тоа е поинакво црвенеење. Може да биде реакција на задоволство, висок степен на концентрација, возбуда, бес, срам, страв или сексуална возбуда.
За некои луѓе, ваквото црвенеење е еднакво на казна и таквата медицинска состојба се нарекува еритрофобија. Луѓето коишто страдаат од неа, толку многу се плашат од вцрвување на лицето, што тоа го доживуваат како форма на страдање, па се црвенеат дури и од самиот страв дека ќе се вцрвенат. Тоа им предизвикува силни главоболки, ладна пот, вртоглавици, а понекогаш дури и несвестици. Во тие моменти, нивната крв е полна со премногу кортизол – хормонот на стресот, како и воспалителни невротрансмитери.
5. Трикотиломанија
Посебен вид алопеција (состојба во која доаѓа до екстремно опаѓање на косата) се нарекува трикотиломанија и е предизвикана од невротична природа. Луѓето коишто страдаат од оваа болест, ја тегнат косата од нивната глава сè дур не сосема оќелават. Понекогаш може губењето на косата да започне само на одредени регии, па луѓето може на прв поглед да претпостават дека лицето има некој воспалителен проблем со кожата. Но, доколку погледнете повнимателно ќе забележите дека на тие делови растат нови, кратки здрави влакна, што значи дека болеста не е од никаква физичка природа.
Оваа болест не предизвикува косата самостојно да опаѓа, но ја принудува личноста којашто боледува од неа, да ја влече присилно и со намера. Доколку забележите дека вие или некој којшто го познавате има вакви симптоми, подобро е да се консултира со психотерапевт, отколку со трихологист (дераматолог – специјалист за коса и скалп).
6. Дисморфофобија
Чувствувањето страв и стрес се многу моќни емоции. Понекогаш, кога тие две ќе се искомбинираат, луѓето може да се чувствуваат под стрес од нивните сопствени стравови. Пријателите и роднините на овие пациенти, може да ја не разбираат природата на овие стравови, бидејќи се длабоко вкоренети во потсвеста на нивните сакани.
Дисморфофобијата поточно претставува страв од нашите сопствени недостатоци. За да биде уште почудно, поголема е веројатноста кај физички привлечните луѓе да страдаат од вакво психолошко нарушување. Овие пациенти, се опседнуваат со разни реални или измислени недостатоци на нивните тела, кожа или коса.
Постојаниот стрес е опасен за човековиот организам, бидејќи предизвикува голем притисок врз кардиоваскуларниот систем и менталното здравје, а и ја намалува желбата за секс. Помогнете му на некој доколку мислите дека страда од ваква непријатна состојба.
7. Невротична екскоријација
Овој феномен најчесто се појавува кај младите жени, а се манифестира со прекумерно чешање на митесерите. Разни стресни ситуации како што се полагањето испити или одењето по интервјуа за работа, може да го предизвикаат овој синдром.
Кога сме под многу стрес, се обидуваме да го пренасочиме менталниот притисок на друго место, но секако, не преку напаѓање на другите луѓе или со агресивно однесување. Напротив, девојките коишто страдаат од оваа состојба, почнуваат да се напаѓаат самите себеси. Тие не можат да престанат да го допираат нивното лице, поради што секоја пора е под постојан напад и заздравува многу бавно, бидејќи нема време за тоа. Како резултат, девојките завршуваат со многу лузни, лишаи и црвенила по лицето, а од секоја рана останува кафена дамка.
Може да ве интересираат и овие 10 застрашувачки болести кои се речиси искоренети благодарение на вакцините.