7 моќни начини на кои можете да ги поддржувате децата хомосексуалци
Како и сите други деца, така и на хомосексуалните им е потребно да се чувствуваат сакано, прифатено и ценето. Тие се нашиот најголем подарок и не треба да бидат гледани на кој било друг начин. Токму затоа погледнете ги следниве моќни начини на кои можете да им помогнете на хомосексуалните деца да бидат оние кои навистина се…
1. Помогнете им да сфатат дека се нормални
Мал број хомосексуални мажи и жени ја признале вистината за себе со голема самодоверба. Тинејџерите во старт се чувствуваат како да не припаѓаат никаде и како никој никогаш да не ги сфаќа, па токму затоа хомосексуалноста само дополнително влијае врз нивното чувство дека не се доволно добри.
2. Внимавајте што зборувате во нивно присуство
Дури и најголемите поддржатели на хомосексуални деца можат понекогаш да кажат нешто што е многу навредливо за нив, а со тоа и да предизвикаат тие да се повлечат подлабоко во себе. Едноставните изјави како „Тоа изгледа многу женствено“ или пак, „Не биди плачко“ може многу посилно да влијае врз нив отколку што влијае врз останатите деца.
3. Поддржувајте ги без услови
Секој родител треба да го поддржува своето дете, без разлика на неговата сексуална ориентираност. Но, кога станува збор за хомосексуалните деца, вие треба повеќе да ги слушате што ви зборуваат отколку да им давате брзи и непромислени совети. Како и останатите деца, така и тие се многу чувствителни, дури и кога ви делуваат силно на зборови.
4. Информирајте се
Едно од најтешките места за хомосексуалните деца е училиштето. Тие постојано се мета на физичко и психичко малтретирање од останатите деца. Па, наместо да ги читате насловите во весници за овие негативни настани, зошто да не почнете да правите нови наслови, позитивни? Информирајте се колку што е можно повеќе за животот на овие деца и обидете се да направите некаква промена. Колку повеќе знаете, толку повеќе тие ќе знаат дека се грижите.
5. Не правете никакви претпоставки
Наместо постојано да се запрашувате дали се или не се хомосексуалци, едноставно создадете безбеден простор околу вас и вашите деца каде што ќе ги уверите дека нема да постојат никакви претпоставки, критики или осуди. Покажете им дека тие се вашиот најголем подарок, без разлика на сè. Кога тие ќе бидат подготвени за разговор, веднаш ќе ве побараат.
6. Бидете емпатични и дајте им до знаење дека ги сфаќате
Сите ние сакаме да бидете сфатени. Кај хомосексуалните деца оваа желба е помножена со 10. Без разлика дали искрено ќе ви признаат или ќе ви праќаат индиректни знаци, вашиот најдобар пристап е доколку сте емпатични, ги признавате нивните чувства и им давате до знаење дека се сфатени. Исто така можете да ги утешите така што ќе им кажете дека не се единствените во овој свет, со цел тие да се чувствуваат помалку осамено. Целта е да станете нивниот сојузник и најголемиот извор на поддршка.
7. Не ги лажете дека е сè во ред доколку не се чувствувате така
Ако сè уште не сте сигурни што мислите за хомосексуалноста, тогаш бидете искрени со вашето хомосексуално дете за тоа, но истовремено и дајте му до знаење дека се обидувате да си ги средите вашите чувства. Хомосексуалните деца имаат силен одбранбен став, па дури и најмалиот сигнал дека ги лажете може да доведе до целосно нивно повлекување во себе. Децата на овие години сè уште не се способни целосно да објаснат кои се и зошто се чувствуваат онака како што се чувствуваат, па токму затоа целта на возрасните е гордо и одговорно да ги водат низ процесот, без разлика на нивната сексуалната ориентација. На овој начин, тие ќе израснат во автентични личности, правејќи го светот подобро место за сите.