7 модели на обувки што ќе бидат хит во 2021 година

7 модели на обувки што ќе бидат хит во 2021 година

Модните експерти најавија нови трендови, а според нивните предвидувања, овие модели ќе им привлекуваат најмногу внимание на трендсетерките.

Мокасини со дебел ѓон

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DANIELLE GLANZ (@shestyledwhat)

Во последниве години, мокасините станаа омилен есенски избор на жените ширум светот. Љубителите на модата го минуваат своето време во интензивна потрага по овие чевли, поточно по нивните гломазни верзии.

Шик влечки

Иако излеговме од карантин, удобните и топли влечки ќе доминираат и во 2021 година, благодарение на дизајнерите кои сè уште ги сметаат за профитабилна инвестиција. Многу луѓе поминуваат време релаксирајќи се во четири ѕида, а многумина сè уште работат од дома, па не е ни чудо што брендовите се концентрираат на удобни обувки, како влечки или меки балетанки и мокасини кои едвај ќе ги чувствувате на нозе.

Патики за трчање

Во последните сезони, се забележува нагло зголемување на побарувачката на спортски обувки, а експертите забележуваат дека сè повеќе се бараат атлетски модели на патики, како што се оние за трчање или за во теретана, додека елегантните модели полека ја губат својата важност.

Балетанки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fani (@fani.lafigue)

Класика која никогаш не излегува од мода и токму затоа вреди да се има. Оваа сезона ќе преовладуваат модели во неутрални бои, по можност месо боја и со ремче околу глуждот. Голем хит ќе бидат и балетанките украсени со накит, кои ќе доживеат вистински бум во наредните месеци.

Чевли Мери Џејн

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mathilde Martinez (@zheroceros)

Иако секогаш се сметаа за класични обувки, овие чевли кои се карактеризираат со ремче околу глуждот, не се прославија многу во последните неколку години поради налетот на некои нови, повозбудливи модели. Порано се сметаа за здодевни деловни обувки, а сега добија похрабар изглед во однос на дизајнот и палетата на бои.

Кломпи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Birkenstock (@birkenstock)

Грдите обувки, како што се патиките на тато, анатомските влечки и таканаречените чешки сандали ќе добијат достоен „наследник“ во наредните месеци. Дека ова е нов омилен модел на грди обувки говори и фактот дека побарувачката на кломпи постојано расте.

Робусни чизми

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chantal alicia (@chantal.pe)

Има уште многу време за да се шетате по улиците со модерни чизми, а експертите предложуваат робусни модели на чизми со дебел ѓон, кои се достојна замена за комбат чизмите. Овие чизми немаат врвци, туку имаат зашиена еластична лента на страните, па затоа е многу полесно да ги облечете, што во голема мера ја олеснува работата кога се брзате.

Прочитајте кои трендови за убавина ќе доминираат во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар