7 митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќни

7 митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќни

Многумина од нас имаат неточни верувања за среќата, а тие верувања можат да нè спречат да уживаме во животот. Еве некои од работите во кои веруваме и си ги кажуваме, а кои можат да нè оддалечат од среќата.

7 митови за среќата што ве спречуваат да бидете вистински среќни

1. „Нешто не е во ред со мене ако не сум среќен/а цело време“

Не, нема ништо лошо во тоа да не сте среќни цело време, впрочем никој не може да биде среќен постојано. Понекогаш, погрешно го сметаме чувството на зашеметеност за среќа, а се јавува како резултат на возбуда. Важно е да знаеме дека вистинската среќа наликува повеќе на внатрешен мир.

2. „Ќе бидам среќен/а ако имам многу пари“

Со парите може да се купат многу работи, но откако ќе ги задоволите вашите основни потреби, сето она што можете дополнително да го добиете благодарение на зголемениот приход и не прави некоја голема разлика. Истражувањето спроведено од страна на Универзитетот Принстон покажало дека емоционалната благосостојба не се зголемува кај луѓето кои заработуваат повеќе од 75.000 долари. Заклучокот е дека сумата што ја заработувате може да има мало влијание врз вашиот коефициент на среќа.

3. „За да бидам среќен/а морам да се чувствувам подобро од едно обично ОК“

Честопати мислиме дека можеме да бидеме среќни само кога ќе го добиеме тоа што сакаме. Но, проблемот е тоа што ние постојано посакуваме нешто, зошто животот се менува, а со тоа и нашите желби. Дури и да го добиеме она што го посакуваме, дали ќе бидеме среќни докрај? Веројатно не.

4. „Ќе бидам среќен/а кога ќе ја пронајдам вистинската љубов“

Ова е можеби најчестиот мит кога станува збор за среќата. Љубовта е најдоброто нешто што може да ни се случи во животот, но може да биде и најболното, па затоа подгответе се.

5. „Никогаш нема да бидам несреќен/а ако имам исполнет живот“

Ништо не е вечно вклучувајќи го и чувството на исполнетост. Како што стареете и вашиот живот се менува, ќе бидете во потрага по различни нешта кои ќе можат да ве исполнат. Запомнете дека несреќата, како и среќата, е привремена.

6. „Ќе бидам тажен/а ако не ја барам постојано среќата“

Напротив, можеби ќе бидете задоволни. Кога работите се надвор од ваша контрола вие чувствувате стрес. Кога тие не се надвор од контрола, вие самите си создавате стрес со тоа што се терате самите себе да бидете среќни. Наместо да ја барате среќата, обратете внимание на задоволствата што ви ги нуди животот.

7. „Ќе бидам среќен/а само тогаш кога животот ќе се врати во нормала“

Се чини дека ваквите мисли се присутни кај повеќето, особено во овој период. За жал, постои можност работите да не бидат како што биле порано. Со оглед на ситуацијата, не можеме да знаеме како ќе изгледа „новото нормално“. Затоа, овој пат наместо да ја барате среќата, обидете се да уживате во она што веќе го имате.

Откако ги прочитавте митовите за среќата, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 12 митови треба да престанете да верувате за да се чувствувате слободни.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар