7 митови за акните кои нема да ви помогнат да се ослободите од нив
Акните го расипуваат не само изгледот, туку и расположението. Нивниот третман е поврзан со многу митови кои всушност воопшто не помагаат, а некои од нив може дури и да ја влошат состојбата. Погледнете ги најпознатите митови за акните, но и неколку совети за ослободување од нив.
1. Храната не е поврзана со појавата на акни
Постои едно старо истражување кои тврди дека нема никаква поврзаност помеѓу начинот на исхрана и акните, но модерните научници го докажуваат токму спротивното. Шеќерот го стимулира производството на инсулин, кој пак во преголемо количество може да предизвика акни. Избегнувајте храна со висок гликемичен индекс како бел леб, чоколадо и пиво. Акните може да се појават и од хормоните кои се наоѓаат во млекото.
Јадете храна која ќе ја одржи вашата кожа чиста:
- Продукти со низок гликемичен индекс, како индиски ореви, карфиол и краставици помагаат при намалување на акните.
- Цинкот кој го има во јајцата, месото, печурките и морската храна може да помогне при лекувањето на кожата.
- Витаминот А го поттикнува лекувањето на акните. Затоа, вклучете моркови, зелка и спанаќ во вашата исхрана.
2. Пушењето ја зголемува појавата на акни
Многу луѓе мислат дека пушењето цигари предизвикува акни. Иако тоа е штетна навика, пушењето не предизвикува појава на акни. Сепак тоа го забавува лекувањето на кожата, па акните ќе ви траат подолго. Ако се откажете од цигарите, ќе забележите дека ќе изгледате подобро: Кислородот во кожата на лицето ќе се зголеми, а процесот на лекување ќе биде побрз.
3. Декоративната козметика предизвикува акни
Не е секоја козметика лоша за кожата. Само избегнувајте козметика што содржи алкохол и масла. Алкохолот ја суши кожата и предизвикува иритација, а ова пак предизвикува акни. Маслата ја прават кожата мрсна и ги затвораат порите. Козметичките производи треба да содржат:
- Алое
- Ретинол
- Пептид 10
Овие состојки ја подобруваат состојбата со акните и го стимулираат производството на колаген.
4. Темниот тен помага
УВ зраците ги стимулираат лојните жлезди, а ова предизвикува појава на нови акни. Токму поради ова сончањето е забрането ако имате акни. Користете заштитна крема за проблематична кожа.
5. Стресот предизвикува акни
Новите мозолчиња не се предизвикани од стрес. Но, ако веќе имате акни, стресот може да ја влоши ситуацијата – раните од акните побавно ќе зараснат.
6. Честото миење на лицето ќе го реши проблемот
Акните, како и митесерите, се настанати од затворени пори, па колку и да го миете лицето нема да ги намалите. Темелното чистење на лицето (како пилинг) може само дополнително да ја иритира вашата кожа. Исто така, немојте да го триете лицето со крпа, туку нежно соберете ја водата од него. Сапуните и средствата за чистење лице кои содржат сулфати (SLS, SLES) дополнително ја сушат кожата.
7. Пастата ги намалува акните
Пастата содржи сода бикарбона, есенцијални масла, хидроген пероксид и ментол кои можат да ги исушат акните, но и да предизвикаат иритација или осип. Подобро користете продукти со бензоил пероксид кој помага при лечењето на акните.
Oвие природни маски ќе ви помогнат во борбата против акните.