7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Преработката на поголемиот дел од храната пред да се најде во продавница е тема на многу дебати. Веројатно сте слушнале дека не можете да го отстраните восокот од јаболката или дека консумирате сулфур со сушеното овошје. Интернетот е полн вакви факти. Од една страна, сигурно не сакате јаболкото да е продукт од хемиската индустрија, но понекогаш овие информации може да ве спречат да уживате во омилената храна. Во продолжение погледнете ги најчестите предупредувања за храната, како и мислењето на научниците за ова. Можеби сепак не треба да се плашите толку.

1. Нанесување восок на овошјето

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Многу луѓе се навистина загрижени за восокот кој се нанесува на овошјето и зеленчукот, чија цел е да ја зачува свежината на продуктот за време на транспорт. Сепак, Администрацијата за храна и лекови тврди дека овој слој е безбеден.

Свежо набраните овошје и зеленчук имаат слој од восок кој се формира природно и кој го штити плодот од сушење и омекнување. Овошјето е измиено после берењето со цел да се отстранат прашината и хемикалиите, а со ова се отстранува и дел од природниот восок. Поради ова, се нанесува нов слој. Овој восок е погоден за јадење и се користат само по неколку капки за секој плод. Може да биде дигестиран од телото и не му штети на нашето здравје. Се разбира, пред консумирање, сепак треба убаво да го измиете плодот.

2. Вештачко зреење на банани

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Кога ќе слушнете дека за зреењето на бананите се користи гас, лесно можете да си направите најцрни сценарија. Во реалноста, ова не е толку опасно. Бананите се берат додека се зелени и се транспортираа на посебни бродови. Дури потоа се сместуваат во посебни гасни комори во период од еден ден. Овој гас се состои од 95% нитроген и 5% етилен. Нитрогенот се наоѓа во воздухот што го дишеме, а етиленот се ослободува од јаболката. Всушност, и самите можете да го изведите ова дома. Ако купите зелени банани, ставете ги во темна пластична кеса со зрели јаболка и добро затворете ја. По неколку денови, бананите ќе бидат зрели.

3. Длабоко замрзнати овошје и зеленчук

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Многу луѓе мислат дека во процесот на замрзнување, плодовите ги губат повеќето витамини и минерали. Но експертите од Универзитетот во Калифорнија докажале дека ова не е вистина. Научниците ја проучувале концентрацијата на витамините Ц, Б2, Е и А кај замрзнато овошје и заклучиле дека нивното количество е повисоко за разлика од свежото овошје. Единственото овошје за кое не се препорачува замрзнување се доматите. Дури и чувањето во фрижидер може да им го влоши вкусот.

4. Ултра-пастеризација на млеко

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Луѓето кои не купуваат ултра-пастеризирано млеко се загрижени дека овој метод ги уништува сите витамини во млекото. Но важно е да знаете дека млекото не содржи само витамини, туку и протеини, масти и јаглехидрати. Воглавно, составот на пастеризираното и ултра-пастеризираното млеко е ист, а разликата е само во витамините.

5. Загревање хељда

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Зелената хељда е навистина популарна и има причина за ова. Обичната кафеава хељда се загрева за време на преработката, па количеството на хранливи материи е пониско за разлика од зелената. Сепак, оваа разлика е незначајна. Исто така, поголемиот дел од витамините и микроелементите не можат да се уништат со загревање. Повеќето од овие елементи остануваат во продуктот и после готвење.

6. Сулфур

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Многу овошки и поголемиот дел од сушеното овошје е третирано со сулфур диоксид. Оваа супстанца им помага на овошките да ја зачуваат природната боја. Обично луѓето се загрижени за овие продукти, но најчесто нема простор за грижа. Доколку преработката е изведена правилно, нема ништо лошо во неа. Сулфурот се користи во прехранбената индустрија со години, а ризикот од консумирање на овие продукти речиси и да го нема.

7. Длабоко пржена храна

7 митови што ве тераат да се откажете од омилената храна

Секој знае дека длабоко пржената храна е штетна за здравјето, но постои еден исклучок. Според едно истражување, некои видови храна се всушност подобри подготвени на овој начин. На пример, длабокото пржење на зеленчуци како компири, модар патлиџан и слично го зголемува количеството на антиоксиданси во нив. Единствениот услов е да употребувате екстра девствено маслиново масло.

Прочитајте ги и фактите кои ги поништуваат познатите митови за здрава исхрана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар