7 минималистички начини за намалување на нередот во вашиот живот - Part 2

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

4. Ослободување од отпадот

Ова во суштина значи дека треба убаво да се прошетате низ вашиот дом и да исфрлите сè што не ви е повеќе потребно. На пример, сите тие ситници коишто никогаш ги немате употребено, но мислите дека ќе ви „притребаат некогаш во иднина“. Ако не сте ги користеле досега, веројатно нема ни да ги користите.

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Чекор 1: Ставете ги сите важни работи на едно место, во истиот шкаф или во истата соба.

Чекор 2: Земете ја со вас кантата за отпадоци или една пластична вреќа.

Чекор 3: Прошетајте се низ вашиот дом и фрлете сè што не користите на редовна база.

Чекор 4: Разгледајте ги предметите и размислете дали дел од нив можете да ги продадете или донирате за да не завршат во отпадот.

Чекор 5: Чувствувајте се слободно!

Најважниот дел во ова „ослободување“ е да ги сочувате сите нешта коишто ви се навистина неопходни, како што е ножот за сечење храна или чашите за да имате во што да пиете течности. Старите чевли коишто не ги носите со години или пешкирот што одамна е искинат, навистина не ви се потребни.

5. Фрлете го телевизорот низ прозорец

Луѓето поминуваат премногу од своето слободно време пред телевизорите. Така на пример, во 2017 година луѓето од САД во просек поминувале 24 часа и 24 минути неделно пред своите телевизори. Ова е исто како тие да имаат втора работа со скратено работно време – гледање ТВ. Веројатно и вие не сте исклучок од ова и поминувате премногу време пред вашите екрани, без да сте свесни за тоа.

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Телевизијата ви губи:
  • Пари за плаќање кабелска телевизија и разни додатни пакети.
  • Време, коешто можете да го вложите во многу поважни нешта.
  • Внимание, бидејќи докажано е дека гледањето ТВ на млада возраст, води до недостаток од концетрација, кога децата ќе пораснат. Доколку пак се трудите да правите повеќе работи одеднаш додека гледате ТВ, тоа ќе ве направи уште помалку продуктивни.
  • Свесност, бидејќи ако гледате ТВ, не можете да бидете свесни за вашата околина и да ја почувствувате слободата на истиот начин, како што би можеле ако седите во природа.
  • Комуникација со луѓето, бидејќи ако гледате ТВ сами нема да можете да го вложите истото тоа време во негување на позитивни врски со блиските.
  • Креативност, бидејќи кога гледате телевизија не можете да ја поттикнете вашата креативност.

Ок, не мислевме буквално да го фрлите телевизорот низ прозорец, но обидете се да определите само еден ден во неделата во кој ќе можете да гледате ТВ колку што сакате или пробајте да издржите цела недела без да гледате воопшто. Исто така, наместо да гледате сами предложете му на некој ваш пријател/пријателка да гледате некој филм или емисија заедно, а потоа да дискутирате за содржината и да разменувате ставови и мислења.

6. Фокусирајте се на вашите вистински потреби

Кои се вашите животни цели и приоритети во моментов? Дали воопшто ги имате? Во моментот кога прецизно ќе си ги определите вашите цели и приоритети, ќе знаете на што да се фокусирате во животот, а воедно ќе го ослободите вашиот ум од хаосот во него.

Определете кои се најважните работи во вашиот живот, во ОВОЈ МОМЕНТ. За секоја цел којашто се стремите да ја остварите, определете ги најважните работи што ви требаат за да ја реализирате и ослободете се од нештата коишто не ви се потребни.

7. Реорганизирање на вашето време

Времето е најважниот ресурс во нашите животи. Реалноста е дека во животот можете еден ден да заработите повеќе пари, но не можете со нив и да купите повеќе време. Поради тоа, треба да бидете многу внимателни како и на што го трошите вашето време. Фокусирајте го најголемиот дел од него на активностите коишто ви додаваат највисока вредност во животот (она што ве бутка напред), а минимизирајте го времето вложено во активности коишто имаат ниска вредност и ве спречуваат да уживате во првите.

7 едноставни начини да воведете ред во вашето хаотично секојдневие

Освен што е важно каде го трошите вашето време, многу е важно и со кого го поминувате. Негувајте ги позитивните врски во вашиот живот (оние коишто прават да се чувствувате добро) и ослободете се или драстично минимизирајте ги негативните врски (коишто ве враќаат назад во животот или ве прават несреќни).

Што да направите уште веднаш?

Обидете се да примените барем еден од овие совети во вашиот живот уште веднаш и забележете како ќе се чувствувате потоа. Ако се чувствувате анксиозно, не грижете се бидејќи после само една седмица, ќе се чувствувате подобро и послободно од кога било.

Може да ве интересираат и овие 5 техники за справување со хаосот во вашата глава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар