7 масла кои ќе го трансформираат вашиот изглед за 7 дена - Part 2

7 масла кои ќе го трансформираат вашиот изглед за 7 дена

4. Масло од ленено семе за детоксикација

(4)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Маслото од ленено семе се смета за лек уште многу одамна. Бројните масни киселини, витамини и калиум го прават корисно за секого. Ова масло го прочистува вашето тело и го подобрува метаболизмот по само 7 дена редовно консумирање. За најдобри резултати, користете го секојдневно.

Како да го пиете ова масло?
  • Наутро, на празен стомак испијте 1 мала лажица од маслото. Може да го измешате и со вода. Појадувајте после половина час.
  • Повторете го ова 30-40 минути пред вечерата.
  • Можете да ја зголемете дозата на 1 голема лажица после една недела.

5. Масло од чајно дрво за акни

(5)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Маслото од чајно дрво ги намалува воспалението, бактериите, габите и го поттикнува лечењето рани. Често се користи за третирање акни и за грижа на проблематична кожа.

Маска за проблематична кожа

Состојки:

  • 2 лажици овес
  • 2 лажици козметичка глина
  • 20 милилитри кефир
  • 2 капки масло од чајно дрво

Што да правите:

  • Измешајте ги овесот, глината и кефирот.
  • Додајте го маслото и добро измешајте ги состојките.
  • Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 15-20 минути.
  • Исплакнете со ладна вода.

6. Маслиново масло за нежни стапала

(6)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Маслиновото масло, благодарение на масните киселини кои ги содржи, е одлично за црниот дроб и желудникот. Исто така тоа го намалува нивото на холестерол. Ова масло ја подобрува и состојбата на кожата, косата и ноктите. Може да се користи само, или пак во комбинација со други продукти за убавина.

Купка за нозе од маслиново масло

Состојки:

  • 200 милилитри маслиново масло
  • 5 капки лимонов сок
  • Јодиран алкохол

Што да правите:

  • Малку загрејте го маслото.
  • Додајте го сокот од лимон.
  • Ставете ги стапалата во смесата 10-15 минути.
  • Третирајте ги стапалата со алкохолот и нанесете крема.
  • На крај, облечете памучни чорапи.

7. Масло од бадем за нокти

(7)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Бадемовото масло треба да се користи секојдневно бидејќи ги обновува и ги храни клетките на кожата.

Купка за нокти

Состојки:

  • 250 милилитри топла вода (околу 45 степени)
  • 1 лажица бадемово масло

Што да правите:

  • Измешајте ги маслото и водата и ставете ги рацете во смесата.
  • Држете ги рацете во смесата околу 10 минути, а потоа исушете ги со крпа.
  • Повторувајте секоја вечер.

За најдобри резултати користете ги маслата барем 1 недела. Можете да ги додадете во вашите дневни креми, маски за коса и во многу други продукти за убавина. Некои од маслата можете да ги консумирате и орално. И најважното, пред да почнете со употреба на некое масло добро прочитајте ги состојките и консултирајте се со вашиот лекар.

Погледнете и кое масло е најдобро за вашата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар