7 лоши навики кои неизбежно водат кон пожар во домот
Со зголемување на температурите се зголемуваат и предупредувањата за опасност од пожар на отворено. Но, оваа опасност демне и во нашите домови. Токму затоа погледнете ги следниве 7 лоши навики кои доколку не внимавате можат да резултираат со пожар во вашиот дом.
1. Погрешно спојување на електричните апарати. Секогаш оставајте простор околу електричните апарати со цел да не дозволите да се генерира топлина. Сите големи кујнски апарати како шпоретот, фрижидерот и машината за перење садови мора директно да бидат вклучени во свој штекер, а не споени преку продолжен кабел. Доколку неколку од големите апарати се вклучени на еден продолжен кабел, вие ризикувате појава на краток спој кој може да доведе до пожар.
2. Излегувате од кујна додека шпоретот ви е сè уште вклучен. Еден од најчестите причинители на пожар во домот е готвењето. Потребни се само неколку секунди плинот или електричната плоча да создадат оган, па токму затоа и пожарникарите советуваат никогаш да не го тргате погледот од она што го готвите сè додека не завршите. Од друга страна, никогаш не заборавајте и на запалените цигари.
3. Користите стари и оштетени продолжени кабли. Тие можат да создадат струен удар и на тој начин да го зголемат ризикот од пожар во домот. Топлината и искрите кои ги создаваат „отворените“ жици во кабелот можат лесно да дојдат во контакт со лесно запаливи предмети (тепих, крпа…) и за само 30 секунди да создадат огромен пожар.
4. Ги оставате електричните апарати вклучени кога излегувате од дома. Многумина денес имаат навика да отидат до маркет додека машината за алишта им е вклучена. Експертите и пожарникарите советуваат никогаш да не оставате електрични апарати без надзор, без разлика за кои станува збор. Исто така кога одите на одмор, исклучете ги од струја сите електрични апарати вклучувајќи ги и телевизорот, компјутерот, ламбите, машината за садови или алишта, фрижидерот… Особено ако подолго време сте отсутни од домот.
5. Не ја чистите сушалната за алишта. Поточно, не го чистите редовно филтерот и просторот околу вратата каде што се собираат остатоци од материјалите. Доколку тие се насоберат, топлината од сушалната може да предизвика да се запалат и да создадат пожар. Дури и бојлерот на плин може да експлодира и предизвика пожар доколку не го одржувате редовно, исто како и обичниот кој не се чисти од камени наслаги.
6. Не ги гасите свеќите. Не заборавајте дека доволна е само една мала свеќа за да создаде огромен пожар, додека вам ви е потребна само една секунда за да ја изгасите. Доколку имате домашни миленичиња, погрижете се дека таа ќе биде вон нивниот дофат бидејќи тие можат случајно да ја турнат на поминување.
7. Го одложувате чистењето на оџакот. Потребно е два пати годишно да го чистите и проверувате вашиот оџак, еднаш пред сезоната на греење и еднаш по неа, со цел да се заштитите од неочекуван пожар кој би можел да го уништи вашиот дом.