7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

Можете да направите многу грешки на почетокот од вашата љубовна врска, кои ќе ве одведат до несакани резултати. Повеќето од нив ги правите несвесно, не знаејќи што тие можат да предизвикаат. За да не доживее вашата нова врска неславен крај обидете се да сфатите каде грешите и што можете да смените. Прочитајте дали се пронаоѓате во некоја од следниве лоши навики.

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

1. Нападен и наметлив љубовен партнер

Да се биде нападен кон партнерот, во смисла постојано да го гушкате и бакнувате и практично да не го оставате да дише, може дефинитивно да ја уништи вашата „тазе“ љубовна врска. Секако дека треба да м/ù покажете на момчето/девојката дека сте заинтересирани за него/неа, но тоа не значи дека постојано треба да му/ù се нафрлате во прегратки. Во повеќето случаи тоа може да делува премногу несекси за вашиот партнер, кој најверојатно ќе си помисли дека премногу сакате да ги избрзате почетните фази низ кои треба да помине секоја врска.

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

2. Онлајн–прогонување

Секој од вас некогаш „прогонувал“ на Интернет, некој што му се допаѓа, бидејќи сте сакале да дознаете нешто повеќе за неговиот/нејзиниот живот. Но, има голема разлика помеѓу впишување на неговото/нејзиното име во Гугл за да проверите дали потенцијалниот партнер е или не е сериски убиец, пред да излезете на состанок, но веднаш да го додавате на Фејсбук, да следите сè што прави и да стискате „ми се допаѓа“на сè што ќе објави, е навистина лоша идеја. Од таквото онлајн – прогонување, потенцијалниот партнер може да се исплаши и да почне да ве избегнува.

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

3. Крал/кралица на негирање

Да се живее во свет на одрекување е дефинитивно лоша особина кога станува збор за вашата љубовна врска. Многу момци и девојки, остануваат во љубовни врски кои се „заглавени“ во некоја мртва точка, која не раѓа никаков напредок на повисоко ниво. Наместо да не си го признавате себеси лошиот развој на вашата врска, размислете дали можеби вие правите нешто погрешно и имате некои лоши навики кои така влијаат на неа.

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

4. Чекање да се „појави“ некој/а совршен/а

Да се чека и да не се прави ништо околу љубовниот живот, е дефинитивно многу лоша особина, која ќе направи да се чувствувате осамено и несакано. Доколку сметате дека има „хемија“ помеѓу вас и некој од спротивниот пол, зошто да чекате со денови тој/таа прв/а да ви се јави? Исто така, не смеете да си чекате и да не правите ништо на љубовен план, чекајќи совршениот партнер да ви затропа на врата. Бидете комуникативни, ведри, флертувајте, но сепак не бидете премногу нападни, бидејќи ќе го уништите впечатокот. Запомнете: сè е во балансот!

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

5. Превисоки стандарди за хипотетичкиот љубовен партнер

Некои луѓе имаат превисоки стандарди за тоа како треба да изгледа и кои карактерни и интелектуални способности треба да ги поседува некое момче или девојка за да може да постане нивен партнер. Некои девојки сакаат да си пронајдат момче кое ќе биде совршено шармантно, финансиски стабилно, слатко како бонбонче, да има одлични манири на однесување и одлична смисла за хумор. Некои момци пак, одбиваат да излезат на кафе со девојка која не е висока, слаба како манекенка, русокоса, паметна и преубава. Момци и девојки: совршенство не постои. Не губете си го времето живеејќи во илузија дека во светов постојат принцови и принцези какви што има само во бајките. Ако долго време се прашувате зошто сè уште сте сингл, можеби треба да се запрашате каков партнер очекувате да стане дел од вашиот живот и дали таква личност реално можете да сретнете.

6. Емоционална слепост

Да се биде „емоционално слеп“ значи да се чувствувате премногу возбудено што сте започнале врска со некој и притоа заборавате на работите кои вистински ги очекувате од љубовта. Сексуалната привлечност кон партнерот толку ве заслепила, што вие почнувате да размислувате дека е сосема во ред да бидете во врска со некој кој никогаш не сака да стапи во брак, ниту да има деца, а оформувањето ваше семејство отсекогаш ви било сон. Исто така, сигурно реално не би сакале да бидете со некој кој очекува од вас да седите дома и да се грижите за домашните обврски, кога вие ја обожавате вашата кариера. Освестете се навремено, бидејќи во спротивно некој ден во иднината ќе се почувствувате многу несреќно.

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

7. Преголема зависност од партнерот

Доколку не можете да одлучите ништо без да чуете што мисли вашиот партнер или доколку не правите ништо во вашиот живот додека тој/таа има други обврски и не е со вас, тогаш дефинитивно сте изградиле лоша навика. Кога толку многу сте „прилепени“ за вашиот партнер, нему му оставате впечаток дека сте независни, несигурни и не можете да застанете цврсто на земја. Тоа најчесто не е точно, па за да му/ù го докажете спротивното, обидете се да го прилагодите вашето однесување кое првенствено ве натерало да се однесувате така. Запомнете дека ниедна личност не сака љубовен партнер кој нема самодоверба и не верува во своите способности и квалитети. Бидете решителни и докажете му на вашиот партнер дека карактерна личност.

7 лоши навики кои можат да ви ја уништат потенцијалната љубовна врска

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар