7 лесни начини да станете најдобриот сопруг на светот
Бидејќи најдобрата сопруга го заслужува тоа. Еве каков е договорот – ако се трудите да станете најдобриот сопруг на светот, тогаш наградата ќе биде апсолутно заслужена, бидејќи доколку вие давате сѐ од себе за да бидете најдобар сопруг на светот, таа за возврат ќе направи сѐ да биде најдобрата сопруга на светот.
1. Прашајте ја дали можете некако да ѝ помогнете
Често, на крајот од долгиот и напорен ден, сопругата сака да му зборува на мажот за нејзиниот проблем со кој се соочува на работното место или дома. Тогаш сопругот се повлекува и остава сопругата сама да најде решение за проблемот. Но, ова не е вистинската реакција.
Најдобро е да ја прашате сопругата искрено, велејќи ѝ: „Го разбирам проблемот, што можам да направам за да ти помогнам?“ Конкретно за тој случај таа можеби и не знае како би ѝ помогнале. Но, фактот што сте понудиле искрена помош ѝ покажува колку ја сакате.
2. Служете ѝ на вашата сопруга
Замислете го следново сценарио. Додека вашата сопруга се подготвува за на работа, одеднаш сфаќа дека нема бензин во нејзиниот автомобил. Вие, сакајќи да ѝ помогнете, доброволно се облекувате и одите да наполните бензин наместо неа. Тоа значи дека таа ќе може да оди директно на работа без притоа да застанува на бензинска пумпа.
Господа, имајте на ум дека овде не се работи за точењето бензин. Ова е чин со кој се покажува љубов кој вели: „Те сакам и сакам да ти покажам дека те сакам, па ќе одам наместо тебе да наточам бензин“.
Поентата не е во чинот што сте го направиле, туку во неговото значење кое ќе ѝ го згрее срцето. Затоа запрашајте се што можете да направите за вашата сопруга и да земете на свој грб дел од нејзиниот товар со цел да ѝ олесните.
3. Не критикувајте, мотивирајте
Кога вашата сопруга стои пред огледало и вели: „Боже, не ми се допаѓа како изгледам, сум се здебелила неколку килограми“, немојте да велите: „Да, во право си, треба малку да ослабеш“, туку наместо тоа кажете ѝ: „Прекрасна си и не грижи се, ќе ослабеш. Знам дека го можеш тоа“.
Кога сте во брак целта е да направите вашата сопруга да се чувствува добро и да ѝ помогнете да верува дека може да направи сѐ што ќе посака. Тоа е разликата помеѓу критика и мотивација. Некој само ја влошува ситуацијата, а друг ѝ помага на сопругата да се исправи кога таа потклекнала пред некој предизвик. Сигурно вие сакате да се дружите со мотивирани и позитивни луѓе. Токму тоа го сака и сопругата тоа. Иронично е што некои мажи им даваат повеќе комплименти на други жени, отколку на својата сопруга.
4. Бидете романтични
Некои мажи веруваат дека жените треба да создаваат романтични моменти и да го распламтуваат огнот на љубовта. Е па, тие мажи многу грешат. Ваша одговорност е да бидете романтични со цел да ги зачувате љубовните искри во врската.
Изненадете ја така што ќе ѝ купите цвеќе без никаква причина. Направете вечера и збогатете ја атмосферата со свеќи тогаш кога таа најмалку очекува.
Некои мажи велат: „Јас не сум романтична личност“. Па што? Ако имате можност да преземете акција која ќе изгледа романтично, без разлика на вашиот карактер, направете го тоа со цел да ја израдувате. Верувајте, понатаму многу позитивно ќе ви се врати.
5. Комуницирајте
Кажете ѝ што сакате, како се чувствувате, кажете ѝ ги вашите проблеми, вашите предизвици и да, вашите стравови. Кога сте ранливи, со неа ќе споделите дел од вас кој некои мажи никогаш не го покажуваат.
Немојте да бидете тивок и храбар тип, туку комуникативен, гласен и силен маж. Ако имате некаков проблем поврзан со врската, кажете ѝ. Таа не може да ги чита вашите мисли и не поседува кристална топка, па не може да ви помогне доколку не знае за проблемот.
6. Не викајте
Често сме сведоци на парови кои имаат гласни расправии на јавни места. Тешко дека тоа може да реши нешто или да помогне во решавање на проблемот, но реалноста е дека ако ѝ викате гласно на вашата сопруга тоа значи дека вербално ја малтретирате. Ако некого вербално малтретирате долго време со гласно и злобно дерење, на крајот ќе згасне љубовниот оган во нејзиното срце, а вие нема ни да знаете зошто.
Ако ви се вика, излезете од собата и одложете го вашиот одговор. Подоцна ќе ви биде драго што сте реагирале така, наместо сега да се извинувате бидејќи сте реагирале како идиот.
7. Секогаш чувајте ѝ го грбот
Кога таа знае дека вие сте нејзиниот заштитник, тогаш ќе се чувствува сакано. Можеби на снежен ден ќе ја однесете до работа, бидејќи вашиот автомобил е посигурен кога возите на снег, а подоцна и ќе ја земете од работа за да не ја оставите сама.
Направете нешто што покажува дека го чувате нејзиниот грб, и потоа кажете ѝ: „Душо, не грижи се, секогаш ќе бидам тука за тебе“. Се сеќавате на заклетвите кои си ги кажавте на вашата свадба дека ќе се љубите и почитувате меѓусебно? Не заборавајте на нив.