7 лесни чекори за успешно прекривање на белезите од акните
Тешко е да одредиме која е нашата најголема бјути ноќна мора – дали е тоа самата борба со акните или белезите кои понекогаш остануваат после нив? Доколку и вие сте се соочиле со овој проблем – акните ви исчезнале, но белезите останале, тогаш денес ви откриваме неколку лесни чекори со чија помош успешно ќе ги прекриете.
Видови белези
Пред сѐ, би требало да знаете какви видови белези постојат. „Рамни“ бледи белези се создаваат како резултат на зараснување на раната, а тие може да се појават и доколку некогаш сте имале некоја долга рана (не од акни) која била зашиена. Кога станува збор за белезите од акни, тогаш најверојатно имате проблем и со пигментацијата (станува збор за црвени или кафеави точки), а постојат и белези кои се многу повпечатливи, дури и длабнати, а се појавуваат доколку сте имале посериозни проблеми со акните. Тие се создаваат, бидејќи телото лачи премногу колаген со желба да го забрза процесот на лечење, па затоа тие често се нарекуваат келоидни белези, а во однос на оние „обичните“, се доста поголеми и попроблематични.
Лесно е да ги разликувате таквите длабнати белези и оние пигментираните, па во согласност со тоа би требало на различни начини да пристапите во нивното прикривање. Кога станува збор за белезите кои се потемни или посветли во однос на вашиот тен, главната цел би требало да биде изедначување на тонот на кожата и неутрализација на пигментот кој се појавува откако акните ќе исчезнат. Освен тоа, после нанесувањето на почетниот слој пудра, многу е важно и зацврстувањето со пудра во прав или камена пудра за да бидете сигурни дека шминката ќе остане на своето место.
Подготовка
Најнапред, треба да ја подготвите кожата за шминкање и покривање на белезите. Главната цел е секако покривање на белезите, но многу е важно да посветите доволно внимание и на подготовката на кожата за коректорот навистина да остане на своето место во текот на целиот ден. Со оглед на тоа дека вашата кожа најверојатно е масна или комбинирана, најнапред треба да се ослободите од вишокот влага. Употребете крема без масло или прајмер без масло, а после тоа, слободно со хартиено марамче избришете го вишокот сјај доколку мислите дека вашата кожа и понатаму не е мат. Доколку имате „вовлечени“ белези, задолжително испробајте хидратантна крема или хидратантен прајмер, бидејќи на тој начин нанесувањето на понатамошната шминка ќе биде беспрекорна.
Прикривање
Кремастата структура е најдобра кога станува збор за производите со кои ќе ги прикриете белезите од акните. Таа ќе ви ја обезбеди посакуваната прикриеност и нема брзо да се исуши што ви овозможува лесно и бавно шминкање, без брзање.
Белезите во вид на вдлабнатини
1. Нанесете крема или прајмер за омекнување на кожата, а потоа и коректор на соодветните места. На тој начин ќе ја „пополните“ и изедначите бојата на кожата на оние места каде што се наоѓаат белезите. Резултатот ќе биде мазна и убава кожа.
2. Со четка нанесете ја подлогата, а коректорот натапкајте го со прстите, бидејќи на тој начин ќе добиете подобра, но и посветла апликација.
3. Со четка за руменило на целото лице нанесете безбојна пудра.
Пигментирани белези
1. Најнапред отстранете го вишокот влага од лицето, поточно, од проблематичното место.
2. Со тенок слој камена или пудра во прав прикријте го пределот околу белезите за да бидете сигурни дека целиот сјај исчезнал.
3. Со тенка четка за коректор, лесно, прецизно и внимателно тапкајте го коректорот на белезите сѐ додека не се стопи со остатокот на тенот. Слоевите мора да бидат тенки, па дури и во поголем број, но важно е коректорот да го нанесувате со тапкање, а не со размачкување.
4. Кога ќе го прекриете белегот, со марамче повторно натапкајте ја таа област за да се уверите уште еднаш дека целата влага исчезнала. На крај, додајте уште малку пудра во прав за зацврстување и вие сте подготвени. Совет плус – би било одлично кога овие производи би биле водоотпорни.