7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат

7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат

За раскинување се потребни двајца, така што без разлика што се случило, секогаш се виновни обајцата партнери за распадот на врската. Не е лесно да се разбере спротивниот пол, но треба да се работи на тоа. Жените честопати ги обвинуваат мажите за неуспехот на љубовните врски, но вистината е дека и тие прават несвесни грешки. Ова се 7-те лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат…

7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат

1. Мора да му дадете простор

Нормално е тоа што сакате да бидете со него. Но, ако го следите насекаде каде што оди, ќе почне да се чувствува како во затвор. Ако сакате некого, тоа не значи дека треба да бидете заедно 24/7. Оставете го да работи и да се забавува сам. Почитувајте ги неговите интереси и хобија. Квалитетно поминувајте го времето заедно, наместо да се гледате секој ден. Дајте му простор. Ако вистински ве сака, на крајот од денот, ќе се врати кај вас.

2. Ако сака да си замине, ќе го стори тоа

Време е да се соочите со вистината! Ако тој сака да си оди, порано или подоцна навистина ќе го стори тоа. Не можете да го присилите да остане со вас. Нема да постигнете ништо доколку постојано му досадувате и го молите да остане. Прифатете ја неговата одлука и продолжете понатаму.

3. Ако решил да ве изневери, ќе го стори тоа

Си имате работа со прељубник. Тој ужива да се гледа со различни жени. Колку од неговите девојки треба да запознаете за да го разберете неговиот карактер? Вашите обвинувања нема да ви помогнат. Ако мажот е прељубник, тој ќе продолжи да изневерува и на крајот ќе ве остави. Најдобро е вие први да ја донесете оваа одлука.

4. Фантазирате дека сте заедно

Можеби навистина ви се допаѓа и срцето забрзано ви чука секогаш кога ќе ве поздрави или ќе ви даде комплимент. Можеби дури и сте имале односи, но тој не го сфатил тоа како нешто сериозно. Мора да престанете да фантазирате дека сте заедно. Бидете практични. Ако неговото однесување ве збунува, разговарајте директно. Доколку неговите намери кон вас не се сериозни, порано или подоцна ќе побегне од вашиот живот.

7 лекции за мажите што жените никако не можат да ги научат

5. Не се обидувајте да го промените

Можеби не ви се допаѓаат некои работи кај него, но тоа не значи дека треба да го менувате. Како би се чувствувале кога тој би се обидувал да ви го направи истото? Не би ви пречело? Секако дека би ви пречело! Сакајте го таков каков што е.

6. Не се обидувајте да го направите љубоморен

Ова е една од најчестите грешки што ја прават жените. Не се обидувајте да му го привлечете вниманието со тоа што ќе го правите љубоморен и ќе флертувате со вашите додворувачи. Не постои сомнеж дека ќе привлечете внимание, но крајните резултати ќе бидат негативни. Ако некој маж е заинтересиран за вас, ќе ви пристапи поради вашите квалитети, а не затоа што им се допаѓате на други мажи.

7. Престанете да драматизирате

Мажите мразат драма. Тие ги презираат жените кои постојано прават сцени од нигде никаде. Бидете едноставни. Нема потреба од драматизирање. Дајте му мир на вашиот партнер. Смеете да бидете емотивни, но обидете се да ги контролирате емоциите. Не им дозволувајте да ве надвладеат и да ви предизвикаат проблеми.

Најважно од сѐ е да не барате од него да ви кажува колку сте прекрасни или успешни. Бидете самоуверени. Тој ќе ви даде комплименти кога самиот ќе посака да го стори тоа. Тој не е тука за да ве фали. Мажите ги почитуваат самоуверените жени. Бидете една од нив!

Во продолжение, дознајте ја целата вистина за мажите што треба да ја знаете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар