7 легитимни причини да не стапите во брак (и 7 легитимни причини да го направите тоа!)

7 легитимни причини да не стапите во брак (и 7 легитимни причини да го направите тоа!)

Изборот е ваш. Според статистиките, постојат сè повеќе луѓе кои попрво би сакале да имаат деца отколку да стапат во брак. Од друга страна пак, оние кои на постари години наоѓаат љубов, едноставно имаат сè помалку причини да ја овековечат нивната врска со брак. Па, зошто бракот одеднаш почна да добива толку лоша репутација? Следуваат 7-те најчести причини зошто луѓето одбираат да не се венчаат.

(1) 7 легитимни причини да не стапите во брак (и 7 легитимни причини да го направите тоа!)

1. Со оглед на тоа што стапката на развод надминува 50%, голем број луѓе веќе не веруваат дека бракот може да им понуди некаков вид сигурност.

2. Оние кои долго време живееле сами едноставно имаат потешкотии да се навикнат на идејата да го делат својот простор за живеење.

3. Луѓето живеат подолго од порано и сега им е потешко да се замислат со само една личност до крајот на својот живот.

4. Постојат луѓе кои сакаат нивните партнери секојдневно да избираат да бидат со нив, наместо да бидат обврзани да го прават тоа поради бракот.

5. Некои луѓе едноставно престанале да веруваат дека ветувањето на бракот може да се одржи до крајот на животот.

6. Луѓето не сакаат да ги делат своите средства.

7. Некои од нив одбираат да не се обврзат со цел да ја задржат својата слобода во животот.

Но, и покрај лошата репутација, бракот сè уште има и позитивни страни за кои едноставно вреди да се впуштите во него. Еве дел од нив…

7 легитимни причини да не стапите во брак (и 7 легитимни причини да го направите тоа!)

1. Во бракот не постои ризик од сексуално преносливи болести (доколку и двете страни се верни).

2. Се верува дека една личност може да научи многу повеќе за себеси во брак, отколку што би направила сама – овој однос помага при личниот раст и развој.

3. Партнерството е една од најголемите причини зошто луѓето стапуваат во брак – на овој начин вие имате покрај вас личност со која можете да ги делите сите моменти, добри и лоши.

4. Бракот може да овозможи стабилност за децата.

5. Кога двајца ги плаќаат истите сметки, постои поголема шанса да се заштеди поголема сума пари за искуства кои не би можеле да си ги дозволите ако живеете сами.

6. Длабоката поврзаност и неизмерната доверба се едни од најмоќните емоции кои некогаш би можеле да ги почувствувате.

7. Вие никогаш нема да бидете сами.

Постојат повеќе причини за позитивните и негативните страни на бракот, но едноставно не можеме да кажеме дека едната одлука е правилна, а другата погрешна. Вие имате ваше размислување до кое треба да се држите, бидејќи никој друг освен вас не знае подобро што навистина ви е потребно во животот.

Ако веќе сте во врска, многу е важно отворено да комуницирате со вашиот партнер. Бидете искрени за врската која сакате да ја имате, бидејќи личноста покрај вас има право да го знае тоа. Не е фер да зборувате едно, а да размислувате друго и кога ќе дојде момент за следниот чекор, да го/ја оставите на цедило.

Кога сте искрени со личноста со која сте во врска, тоа создава можност и за двајцата да ги направите најдобрите одлуки во вашата ситуација. Провидноста во врската е парче кое често недостасува, а кое може да доведе до нејзина долготрајност. Ако чувствувате дека мора да бидете нешто што не сте за врската да ви успее, тогаш најверојатно сте со погрешната личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар