7 квалитети на добрите пријатели
Добрите пријателства се едни од најважните нешта во животот, а наредниве 7 квалитети можат да бидат пронајдени во најдобрите пријатели. Дали сте во романтична врска? Ако да, имајте на ум дека пријателството е основата на секоја врска, па токму затоа овие квалитети укажуваат и на одличен партнер.
1. Тие се навистина среќни кога работите ви се движат во вистинската насока
Постојат многу пријателства кои на прв поглед изгледаат добро, но кои изобилуваат со љубомора, пасивно-агресивни забелешки и ставови како „Ќе згазам врз тебе ако тоа ме одведе повисоко.“ Сите кои ја играат оваа игра не се пријатели, туку манипулатори. Вистинскиот пријател се возбудува (не од љубомора или лутина) од среќа кога ќе ви се случи нешто добро. Добрите пријатели се ваши соиграчи и со срце и душа ги слават вашите успеси. Ова се случува бидејќи тие се сигурни во себе и едноставно немаат потреба да се споредуваат со вас.
2. Тука се за вас кога навистина ви требаат
Вистинските пријатели никогаш нема да ве извисат или да ве остават на цедило. Тие навистина се грижат за вас и токму затоа се подготвени во секој момент да ви помогнат. Добрите пријатели не само што ви велат дека ќе бидат тука кога навистина ви требаат, туку тоа редовно го покажуваат и преку дела.
3. Тие се искрени, но и ве поддржуваат
Пријателите се едни од најдобрите надворешни извори на информации за вас. Тие ве познаваат многу добро, но истовремено не се заслепени од емоциите како што тоа се случува во романтичните врски. Ова значи дека тие можат да видат и некои од вашите најгруби страни кои дури ни вие не можете да ги забележите. Доколку ве поддржуваат во сè, без искрено да ви ја воочат ситуацијата која тие сметаат дека лошо влијае врз вас, тие не ја играат добро улогата на пријател. Поддршката не значи слепо согласување со сè што правите, вклучувајќи ги и оние нешта кои ви влијаат штетно. Тој/таа треба да бидат искрени со цел да ви ги отворат очите, а токму оваа поддршка е онаа вистинската.
4. Тие го почитуваат вашето време и емоционална енергија
Тие сметаат дека и вашето време и вашата емоционална енергија се бесценети. Оние пријатели кои не се грижат искрено за вас постојано ќе ве преплавуваат со своите проблеми, дури и во оние моменти кога вие едноставно немате сила да се изборите ни со вашите. Пријателите не треба да меѓусебно да си бидат сунѓери кои ги впиваат сите проблеми. Да се биде добар пријател значи да се има свесност за товарот кој го пренесувате на вашите блиски. Понекогаш, ако не сте сигурни, прво прашајте го вашиот пријател како е, а потоа врз основа на неговиот одговор одлучете дали да го споделите веднаш проблемот со него/неа или пак, да почекате посоодветно време.
5. Тие комуницираат јасно
Како и сите видови врски, така и пријателството бара искреност во комуникацијата. Доколку се појави проблем, разговарајте за него. Доколку нешто не ви се допаѓа во однесувањето на вашиот пријател, искрено кажете му/ѝ го тоа. Не дозволувајте проблемите да се собираат и потоа поради само една ситница да избувнете и да го срушите она што толку време сте го граделе.
6. Тие се поврзуваат со вас
Основата на пријателството е поврзаноста со друга личност. Вие имате заеднички интереси, перспективи, поглед кон светот и живеете на исто место. И покрај тоа што овој квалитет можеби изгледа малку површински, тој сепак е многу важен. Вие едноставно не можете да останете долго време во контакт со личност со која не уживате во заедничкото време, а токму тоа може да се случи доколку немате доволно теми за разговарање.
7. Тие ви веруваат
Без довербата, сите пријателства пропаѓаат. Довербата е основната потреба за комуникација, бидејќи доколку не му верувате на вашиот пријател, тогаш која е целта на тоа пријателство?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.