7 корисни совети кои ќе ви го променат животот

7 корисни совети кои ќе ви го променат животот

Понекогаш се случува да добиеме навистина добар совет кој звучи паметно и корисно, но кога ќе се обидеме да го примениме во пракса, забележуваме дека не функционира баш и брзо го забораваме. Некои совети успеваат да понудат решение за одреден проблем, но не можат да се искористат за ништо друго освен за тој единствен проблем. Следниве совети ќе можете да ги применувате одново и одново без оглед на тоа за каков проблем се работи. Тие ја имаат моќта да ви го променат животот затоа што по нив ниту еден план нема да ви изгледа недостижен и ниту една задача нема да биде несовладлива. Прочитајте за што станува збор и почнете да ги применувате уште денес…

7 корисни совети кои ќе ви го променат животот

1. Започнете од некаде, од каде било

Сите мислиме дека мора да почнеме од почеток. Тоа звучи логично, нели? И навистина постојат многу работи кои морате да ги правите по одреден редослед. Меѓутоа, кога се работи за покреативни подвизи, тешко е да се најде почетокот. Затоа многу луѓе велат „Не знам од каде да почнам“. Кога ќе се соочите со некоја задача која ви делува напорна, поделете ја во што е можно повеќе сегменти и гледајте јасно да ги дефинирате деловите за да не постои апсолутно никаква можност да потфрлите. Сакате да напишете книга? Една од задачите нека биде „Отвори го лаптопот и напиши еден параграф“. Треба да држите говор? Сетете се на некоја интересна анегдота што мислите дека би била корисна и потоа проширете ја. Не постои напорен проект или задача доколку одредите точно какви дејства ќе преземете. Почнете со нив, дури и да не се работи за почетокот.

2. Во ред е да ги правите работите по два пати, планирајте го тоа

Да речеме дека сакате да аплицирате за стипендија, одите на Студентски прашања и ви кажуваат дека еден од документите ви недостасува. Немојте веднаш да се нервирате затоа што не сте завршиле работа толку брзо колку што сте очекувале. Најважно е што сте имале барем некои од документите, веќе сте почнале од некаде. Па, што ако два пати сте се вратиле? Не е крај на светот. Доколку се нервирате за вакви работи, ќе се претворите во многу нервозна личност. Придобивката на оваа стратегија е таа што постојано ќе си давате себеси втора шанса, а тоа е многу опуштен начин на живот. Така што, планирајте дека сѐ ќе треба да направите два пати како дел од процесот. Никогаш повеќе нема да кажете: „Не знам зошто изгубив повеќе време отколку што мислев дека ќе треба“. Но, ако случајно успеете нешто да завршите од прв пат, ќе се чувствувате како да сте освоиле лотарија!

3. Обидете се да се зближите, а не да импресионирате

Многумина сметаат дека ако ги импресионираат колегите, пријателите, партнерот, поранешните партнери и слично, само тогаш ќе остават добар впечаток и ќе им се допаднат. Ако и вие го делите истото мислење, сигурно ќе успевате да ги импресионирате луѓето одвреме-навреме. Но, ризикот е следен: Може да делувате како арогантна фалбаџија, незаинтересирани за другите луѓе. Зошто некому би му се допаднале поради тоа? Наместо тоа, обидете се да се зближите, да остварите конекција, без разлика дали се работи за љубовни состаноци, барање работа или излегување со пријатели. Поентата е да постои меѓусебно разбирање. Покажете љубопитност за соговорникот. Споделете нешто за вас. Слушајте внимателно. Целта е заменките „Јас“ и „Ти“ да се претворат во „Ние“. Тоа е многу повеќе од импресивно.

4. Не бидете личноста која бара работа, туку личноста која прави нешто интересно

Дали би сакале да разговарате со некој кој очајно се обидува да ве убеди колку е успешен? Верувајте дека тоа не го сакаат ниту потенцијалните работодавци. За да бидете успешни, треба да направите нешто што ќе го привлече туѓото внимание и луѓето ќе посакаат и тие да го направеле истото. Дали денес планирате да правите нешто толку интересно што луѓето би сакале да чујат за тоа? Што ќе постигнете? Што создавате? Што е она што ве издвојува од останатите кандидати? Посветете дел од денот на овие работи и шансите сами ќе почнат да ви тропаат на врата.

7 корисни совети кои ќе ви го променат животот

5. Имајте мирен ум

Анксиозност е кога гласовите во вашата глава се загрижени за иднината. Депресија е кога гласовите во вашата глава се загрижени за минатото. Мирен ум е кога овие гласови ќе престанат да зборуваат едни со други. Мирен ум не е исто што и празен ум., туку станува збор за отсуство на конфликт. Тоа значи дека сте се ослободиле од здодевните, напорни гласови кои се караат меѓу себе. Треба да бидете присутни во сегашноста за да ги замолчите овие гласови. Треба да сте целосно посветени на работите кои ве исполнуваат и сакате да ги правите. Бидете среќни со тоа што го имате или променете го она што сакате да го промените. Благодарение на мирниот ум, вие ќе ја обликувате вашата иднина, наместо да се грижите за неа.

6. Доколку сакате да стекнете самодоверба, направете нешто храбро

Ако мислите дека можете да ги замолчите гореспоменатите гласови само со тоа што ќе се охрабрувате себеси со зборови, сте се излажале. Тоа што ќе се убедувате дека сте подобри од она што сте нема воопшто да ви помогне. Наместо тоа, преминете на дела. Направете нешто храбро и посебно. Нешто што навистина ќе ви ја зголеми самодовербата. Волонтирајте, напишете книга, направете нешто сами. Не знаете од каде да почнете? Вратете се на првиот совет. Поентата е најпрво да преземете акција, а чувствата потоа сами по себе ќе дојдат. Не пробувајте да се натерате себеси да се чувствувате поинаку. Сменете го вашиот начин на дејствување и чувствата веднаш ќе се сменат како по договор.

7. Ова е животот

Во овој контекст вреди да се спомене говорот на Дејвид Фостер Валас по повод неговото дипломирање. Можете да го прочитате целиот тука, но еве еден дел од него:

„Си биле две млади риби и си пливале кога сретнале една постара риба која им кимнала со главата и им рекла: ’Добро утро момци, каква е водата?’. Двете млади риби продолжиле со пливање кога по некое време едната од нив ја погледнала другата и рекла: ’Што е тоа вода?.“

Во секојдневниот живот постојано се обидуваме да постигнеме нешта како „среќа“, „успех“, „слобода“, но овие нешта секогаш се чинат недостижни. Животот не се случува туку-така. Животот едноставно постои. Животот е вашата реалноста. И како дел од животот секоја минута од секој ден можете да одберете што ќе правите и како ќе размислувате. Имате избор за што да размислувате, што да забележувате и на што да посветите внимание.

Овие совети можат да ви го променат животот затоа што ќе ви ги дадат потребните алатки да ги промените работите што сакате да ги промените и да ги цените работите во кои веќе ги имате. А „ова е водата“ нека ви биде потсетник на тоа да обрнете внимание на радоста и убавината во секој изминат момент.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар